Press "Enter" to skip to content

3. коло и трета победа на одбојкарите на Пелистер Волеј во Тетово

Универзитет Тетово – Пелистер Волеј 0:3

(03:25; 09:25; 08:25)

Во рамките на 3. коло Пелистер Волеј од Битола за само 43 минути оствари нова значајна победа, овој пат во Тетово, на патот кон врвот во Втората Државна Лига на Македонија и освои нови 3 бода, во борбата за пласман во Првата одбојкарска лига.

-Максимално посветено во првиот сет, без никаква шанса за противничката екипа и резултат 25:03 кој само наговести дека време е за помладите во екипата. Исто како и во првиот сет, во наредните два, подмладокот ја оправда дадената шанса на тренерите во целост и не остави простор за сомнеж кој ќе биди победник. 25:09 и 25:08 се доволен показател дека и дел од пионерките ја завршија својата задача на највисоко ниво, ни рече по враѓањето во Битола, тренерот на Пелистер Волеј, Роберт Митковски.

Поените ги освоија: Лиле Лозановска 10, Мила Андоновска 10, Анастасија Ристевска 6, Марија Ристеска 6, Ивана Белокозовска 4, Стефани Најдановска 4, Софија Проковиќ 4, Билјана Јаковлевска 3, Христина Трајчевска 3, Меланија Каралиоска 2 и Евгенија Јовчева 1.

More from ВестиMore posts in Вести »