Press "Enter" to skip to content

Победа на Топ Гол против екипата на Речица во Битола

Топ Гол – Речица 4:1

Во рамките на 10 коло од ПМФЛ жени екипата на Топ гол од Битола забележа победа над екипата на ЖФ Речица од Куманово. Во натпревар кој се одигра на Фудбалското игралиште “Павел Шатев“ во Битола, битолчанки со конечен резултат од 4:1 ја совлада кумановската екипа.

Головите за Топ гол ги постигнаа Милевска, Стевановска два погодоци и Павлоска К. си постигна автогол.-Им честитам моите фудбалерки за победата. Оваа победа има големо значење зошто е над еден од директните кандидати за избегнување на опасната зона од табелата. Игравме добро и ја имавме контролата на играта за време на целиот натпревар, изјави Кире Грбевски тренерот на Топ гол.

Следното 11 коло Топ гол им гостува Истатов во борба за избегнување на долниот дел од табелата.

More from ВестиMore posts in Вести »