Јавното претпријатие “Стрежево” од Битола ги презема сите чекори за успешна и континуирана скијачка сезона. Нашите екипи продолжуваат со засилени технички подготовки и активности за престојната зимска сезона.Љубителите на зимските спортови и зависниците од зимскиот адреналин ќе се воодушевуваат на беспрекорно уредени падини и патеки, а ски-лифтот ќе биде достапен и за љубителите на ноќното скијање.
–Конкретните подготвителни активности се однесуваат на уредување на скијалиштето со сопствена механизација, подготовка на ски лифтовите за технички прием и редовно сервисирање, a со цел нашите корисници да можат целосно безбедно да скијаат. Го уредуваме паркинг просторот и урбаната опрема, вложуваме во материјали за подобар визуелен изглед на објектот и ги подобруваме санитарните и хигиенски услови, вели директорот на “Стрежево“, Менде Граматковки.
Ски-центарот “Нижеполе“ престојната зима ќе добие уште подобар лик и се надеваме на магична зимска бајка во периодот што следи и успешна скијачка сезона.

“Стрежево“ Битола ги подготвува ски-терените за престојната зимска сезона во ски-центарот “Нижеполе“ (фото)
More from ВестиMore posts in Вести »
- СВР Битола: викендов 315 санкции за сообраќајни прекршоци
- Во Битола сончево со мала облачност, температурата до 7 степени
- Деновиве пред 10 години: бесплатна мобилна детска градинка за селата во Битола (фото)
- Нова првенствена победа на Пелистер Волеј во Битола, четврта по ред (фотогалерија)
- СВР Битола: ноќеска санкционирани 22 возачи под дејство на алкохол