Press "Enter" to skip to content

УКЛО Битола домаќин на Конференција за предизвиците за безбедност и стабилност во Европа (фотогалерија)

Универзитетот “Св. Климент Охридски“ од Битола денеска е домаќин на меѓународниот научен собир „Cauldron in the East, cauldron in the South? Challenges for security and stability in Europe“. Врие на истокот, врие на југот? Предизвици за безбедност и стабилност во Европа.Конференцијата се одржува со поддршка од Министерството за надворешни работи на Република Полска во рамки на натпреварот „Јавна дипломатија 2023 “што го спроведува Центарот за Европа од Универзитетот во Варшава во соработка со Центарот за меѓународни односи, Факултетот за политички науки и Универзитетот за меѓународни студии во Варшава.На Конференцијата учествуваат професори од различен профил и различна област, се со цел да може да се даде еден мултидисциплинарен и интердисциплинарен пристап и гледање на работите врзани за кризите на истокот и југот.Темата е повеќе од актуелна- турбуленциите, вриењата, конфликтите во Украина и во Израел“, рече во изјавата за медиумите ректорот на УКЛО, проф. д-р Игор Неделковски и го истакна  задоволството дека Универзитетот во Варшава во УКЛО препознава сериозен партнер и за вака значајни политички теми.На свеченото отворање на Конференцијата обраќања имаа и градоначалникот на Општина Битола, д-р Тони Коњановски, министерката за култура, д-р Бисера Костадиновска Стојчевска и амбасадорот во РСМ од Полска, Кшиштов Гжелчик.Поздравувајќи ја соработката меѓу УКЛО и Универзитетот од Варшава, и реализацијата на денешниот настан, градоначалникот Коњановски рече:-Интернационалната научна конференција чиј домаќин е Универзитетот „Св. Климент Охридски“ од Битола, допира тематика која е повеќе од актуелна во денешнината, кога на повеќе страни во светот има тензии, воени дејствија и бомбардирања. Самиот наслов на конференцијата „Котел на исток, котел на југ? Предизвици за безбедност и стабилност во Европа“, доволно е внесува во сликата за тензични и воени состојби во различни делови од светот. Се соочуваме со заеднички предизвик да ја зачуваме безбедноста и стабилноста на Балканот и Европа. А токму Битола, како град кој се наоѓал на разни крстопати во минатото, памети разорни дејствија на својата територија. Од научен аспект е нужно да се разгледаат денешните предизвици со кои што сесоочува не само Европа, туку и целиот свет. Подрачјето на Западен Балкан, кое исто така самото по себе е ризично подрачје, бара стручна анализа на влијанијата на глобалните светски сили.-Ова е уште една потврда за високото ниво на соработка, не само на политичко, туку и на академско ниво со Центарот за Европа на Варшавскиот универзитет,  нагласи министерката за култура, Бисера Костадиновска Стојчевска и потенцира дека: -Оваа конференција има за цел студентите и сите учесници да слушнат за тоа што значи кога делуваме заедно, како се соочуваме со предизвиците заедно и дека ниту една држава, без разлика дали е полноправна членка на Европската унија или се стреми да биде членка на Европската унија како овој процес кој што ние го одиме како држава, не е сама во тој процес и дека заедно ќе се бориме и со дезинформациите и со предизвиците што претставуваат целосно интегрирање на Република Северна Македонија во Европската Унија. Посакувам успешна конференција и им посакувам на студентите да учат и од позитивните, но, и од негативните примери кои што ќе бидат споменати во текот на оваа конференција и им посакувам еден исход кој што ќе вроди со уште една конференција следната година.Конференцијата е резултат на соработката меѓу УКЛО и Центарот за Европа од Универзитетот во Варшава, и по втор пат се организира на УКЛО. Проректорот за наука проф. д-р Горан Илиќ информира дека ваква Конференција ќе се одржи и на Универзитетот во Варшава, со учество на наши професори и изработка на збирка на научни трудови.Потенцирајќи ја исклучителната  актуелност на темата, и експерти и академски кадри  од различен профил и научни области, проректорот Илиќ истакна дека сето ова на Конфернцијата и обезбедува мултидисциплинарен пристап и гледање на состојбите и  говореше за важноста на нивниот импакт кон Западен Балкан. -Целта на проектот ,,Јавна дипломатија 2023“  е да се запознаат граѓаните на Македонија со начините на кои треба да се избегнува дезинформирањето поврзано со актуелната ситуација и војната во Украина, изјави професорот Камил Зајачковски, директор на Центарот за Европа од  Универзитетот во Полска.Важни актери на Конференцијата, покрај УКЛО како домаќин на собирот од Република Северна Македонија, се и УКИМ и Институтот за социолошки и политичко-правниистражувања и неколку респектабилни установи од ЦрнаГора: Универзитетот во Доња Горица, Паневропската Унија, Центарот за демократска транзиција и  Атлантскиот совет.

More from ВестиMore posts in Вести »