Press "Enter" to skip to content

“Afterwork“ во “De Niro“ кетеринг со македонски бургери подготвени од “Cheff Mark“ (фотогалерија)

-“Ела си на Afterwork“ во “De Niro“ на македонски бургери од “Cheff Mark“ и пиво “Draft beer palash“ – гласеше поканата за промоција на макeдонски специјалитети во “De Niro“ кетерринг“.

-Оваа “аfterwork“ забава привлече голем број љубители на нови вкусови приготвени од куварот Марк, препознатлив на сите како шеф Марк “Cheff Mark“ и тоа најповеќе од серијалот “Брза кујна“.

-Настанот беше и еден вид промоција на “De Niro“ кетеринг, кој сите го знаат по добра храна, но сега на нова локација по патот за село Кравари.“Cheff Mark или Марк де Јонг има македонско потекло, но со години живеел во Брисел каде по големиот земјотрес во Скопје се преселило и неговото семејство. По 50 години, Марк се вратил во Македонија и одлучил тука да изгради потполно нов живот.Марк е одличен готвач и знае да прави вистински македонски  специјалитети за кои беше и поканет во “De Niro“ кетеринг, а тој оваа прилика ни изјави:-Еве денес правиме македонски марагарин на Марковски начин. Потоа за специјалитетот “Македонски бургер“ за кој земаме домашно месено и печено лепче во фурната на “De Niro“, потоа оди плескавица шарска со кашкалвал, гарнир салата, ајвар и карамелизирани пиперки и се разбира сирење. Потоа овој сендвич убаво оди со пиво, за тоа како се чувстува во Битола, во “De Niro“ додаде:-Задоволство ми е да готвам тука во овој прекрасен објект и ресторан кој е најсовремено опремен. Така ќе биде убаво за сите и оние кои работат тука, но и за оние кои ќе доаѓаат да јадат тука.  Затоа во оваа прилика би им препорачал на битолчани: дојдете  да ги испробате сите специјатитети на македонската кујна во “De Niro“.Маријан Милошевски познат на битолчани со освоени многу награди за торти со уметнички дизајн. Еден период  заминува од Битола и неколку години живее и работи во Чешка. Сега повторно во Битола, во новиот ресторан “De Niro“ како дел од тимот во кујната.Милошевски зафатен во подготовската на македонските бургери, кратко изјави:-Денешниот ден и оваа забава претставува презентација на македонската храна во новиот ресторан “De Niro“ и специјалитети во истиот. Еве денес покажавме како е, да се работи со стари рецепти, но со многу љубов приготвени на нов, современ начин. На сите сладокусци и гурмани би им препорачал да бидат љубопитни и да дојдат да ги пробаат сите нови рецепти кои ќе бидат послужени во ресторан “De Niro“.Ресторан “De Niro“ со интересна локација по пат за село Кравари и објект современо опремен ќе биде атрактивен за сите кои сакаат интересни вкусови, но и амбент.

Жанета Ристевска