Јавното претпријатие “Стрежево” од Битола ги презема сите чекори за успешна и континуирана скијачка сезона. Нашите екипи продолжуваат со засилени технички подготовки и активности за престојната зимска сезона.Љубителите на зимските спортови и зависниците од зимскиот адреналин ќе се воодушевуваат на беспрекорно уредени падини и патеки, а ски-лифтот ќе биде достапен и за љубителите на ноќното скијање.–Конкретните подготвителни активности се однесуваат на уредување на скијалиштето со сопствена механизација, подготовка на ски лифтовите за технички прием и редовно сервисирање, a со цел нашите корисници да можат целосно безбедно да скијаат. Го уредуваме паркинг просторот и урбаната опрема, вложуваме во материјали за подобар визуелен изглед на објектот и ги подобруваме санитарните и хигиенски услови, вели директорот на “Стрежево“, Менде Граматковки.Ски-центарот “Нижеполе“ престојната зима ќе добие уште подобар лик и се надеваме на магична зимска бајка во периодот што следи и успешна скијачка сезона.
“Стрежево“ Битола ги подготвува ски-терените за престојната зимска сезона во ски-центарот “Нижеполе“ (фото)
More from ВестиMore posts in Вести »
- СВР Битола: малолетно девојче е едно од двете лица кои се каснати од кучиња скитници,
- Студенти од петта студиска година на Архитектонскиот факултет од Скопје во Општина Битола
- Пешевски го најави денешниот натревар од ЛП, Еурофарм Пелистер – Висла
- Во Битола променливо облачно со сончеви периоди, температурата до 24 степени
- Кадетите од будо-центарот Пелистер први на Меѓународниот турнир во аикибудо во Лозница, освоија и три златни медали (фото)