Во организација на Сојузот за училишен спорт од Битола, а по повод 4. Ноември денот на ослободувањето на Битола се одржа Општински натпревар во стрелаштво во кој учество зедоја 70-тинa наши ученици од основните и средните училишта.За овој натпревар, претседателот на Сојузот на училишен спорт, Михајло Трампевски ни рече:
-Повод за овој стрелачки натпревар е роденденот на Битола, а основците и средношколците од битолските училишта покажаа голем интерес. Се натпреваруваа околу 70 ученици, а се надевам дека овие млади стрелци ќе ја продолжат традицијата за стрелаштво во Битола, која дала и шампиони на тогашна Југославија.
Во екипна конкуренција во кај основните училишта победник во машка конкуренција е ОУ “Св. Климент Охридски“, второ пласирана е екипата на ОУ “Тодор Ангелевски“, а на трето место се стрелците на ОУ “Коле Канински“.
Во женска конкуренција победник е екипата на ОУ “Св. Климент Охридски“, второпласирана е екипата на ОУ “Тодор Ангелевски“, а на трето место се девојките од ОУ “Коле Канински“.
Во екипна конкуренција кај средните училишта од Битола победник во машка конкуренвија победник е екипата на СОЕУ “Јане Сандански“, второ место е СОТУ “Ѓорѓи Наумов“, а на трето место е екипата на СОМУ “Јован Калаузи“.
Во женска конкуренција победници се средношколките од СОМУ “Јован Калаузи“, второто место му припадна на екипата на СОУ “Таки Даскало“, а на трето место е екипата на Гимназија “Ј.Б.Тито“.
Најуспешните обезбедија и пласман на државниот натпревар во стрелаштво.

70 натпреваривачи на Општински натпревар во стрелаштво (фото)
More from ВестиMore posts in Вести »
- Денес двојна програма од ракометниот куп, двете екипи Еурофарм Пелистер со лесни победи
- Петар Атанасијевиќ постигнати 32 гола на еден натпревар, а како нов рекордер во Македонија заврши на раце на своите соиграчи
- Пелистер со нова победа во Битола, против Кожув кој до крај не се предаваше (фотогалерија)
- Пелистер го победи Осогово во Битола за крај на есенскиот дел (фотогалерија)
- Пелистер ги награди најверните и најлојални фудбалери од оваа генерација (фотогалерија)
More from СпортMore posts in Спорт »