Во организација на Сојузот за училишен спорт од Битола, а по повод 4. Ноември денот на ослободувањето на Битола се одржа Општински натпревар во стрелаштво во кој учество зедоја 70-тинa наши ученици од основните и средните училишта.За овој натпревар, претседателот на Сојузот на училишен спорт, Михајло Трампевски ни рече:-Повод за овој стрелачки натпревар е роденденот на Битола, а основците и средношколците од битолските училишта покажаа голем интерес. Се натпреваруваа околу 70 ученици, а се надевам дека овие млади стрелци ќе ја продолжат традицијата за стрелаштво во Битола, која дала и шампиони на тогашна Југославија.Во екипна конкуренција во кај основните училишта победник во машка конкуренција е ОУ “Св. Климент Охридски“, второ пласирана е екипата на ОУ “Тодор Ангелевски“, а на трето место се стрелците на ОУ “Коле Канински“. Во женска конкуренција победник е екипата на ОУ “Св. Климент Охридски“, второпласирана е екипата на ОУ “Тодор Ангелевски“, а на трето место се девојките од ОУ “Коле Канински“. Во екипна конкуренција кај средните училишта од Битола победник во машка конкуренвија победник е екипата на СОЕУ “Јане Сандански“, второ место е СОТУ “Ѓорѓи Наумов“, а на трето место е екипата на СОМУ “Јован Калаузи“.Во женска конкуренција победници се средношколките од СОМУ “Јован Калаузи“, второто место му припадна на екипата на СОУ “Таки Даскало“, а на трето место е екипата на Гимназија “Ј.Б.Тито“.Најуспешните обезбедија и пласман на државниот натпревар во стрелаштво.
70 натпреваривачи на Општински натпревар во стрелаштво (фото)
More from ВестиMore posts in Вести »
- СВР Битола: малолетно девојче е едно од двете лица кои се каснати од кучиња скитници,
- Студенти од петта студиска година на Архитектонскиот факултет од Скопје во Општина Битола
- Пешевски го најави денешниот натревар од ЛП, Еурофарм Пелистер – Висла
- Во Битола променливо облачно со сончеви периоди, температурата до 24 степени
- Кадетите од будо-центарот Пелистер први на Меѓународниот турнир во аикибудо во Лозница, освоија и три златни медали (фото)
More from СпортMore posts in Спорт »
- Пешевски го најави денешниот натревар од ЛП, Еурофарм Пелистер – Висла
- Кадетите од будо-центарот Пелистер први на Меѓународниот турнир во аикибудо во Лозница, освоија и три златни медали (фото)
- Самоил Ристевски потпиша договор со Еурофарм Пелистер до 2028 година
- Пелистер поразен од Подгорица во АБА2 после големиот пад на играта во финишот
- Алекандар Петровиќ: очекувам поинакво издание на противникот, но одиме да се надигруваме