Press "Enter" to skip to content

Габриела Илиевска на студиска посета во Малта како дел Комитетот на совети и претставници на ЗЕЛС

УНДП во Македонија организира студиска посета во Република Малта на која учествуваа деветте членови на Комитетот на совети и претставници на ЗЕЛС, меѓу нив  Габриела Илиевска од Битола, при што се остварија средби со Асоцијацијата на локални совети, претставници на регионалните совети, градоначалници, Парламентарниот секретаријат за локална самоуправа на Малта.

За оваа посета претседателката на Советот на Општина Битола, Габриела Илиевска рече:-Како носителите на одлуки на локално ниво од двете држави дискутиравме на теми како учество на граѓаните во одлучувањето, партиципативно буџетирање, транспарентно и отчетно локално владеење, дигитална трансформација на општините, меѓуопштинска соработка… Размената на искуства е главна придобивка на ваквите соработки. Она што е најважно е дека за да напрадуваат општините потребите на граѓаните мора да се секогаш на прво место, а општините мора транспарентно и отчетно да покажат каде и како се трошат нивните пари. Искуствата кои ги слушнавме и видовме се добар пример кој може да се имплементира и кај нас во иднина.Инаку, Студиската посета се одржува во рамки на програмата „Зајакнување на општинските совети“, која е финансирана од Швајцарската влада Embassy of Switzerland in North Macedonia и од Министерство за локална самоуправа, а ја спроведува и ко-финансира УНДП.

 

More from ВестиMore posts in Вести »