Press "Enter" to skip to content

Празничен концерт за храмовата слава на црквата “Св. Димитрија“ во Битола на “Прво београдско певачко друштво“ (фотогалерија+видео)

Вечерва во Битола, во црквата “Св. Димитрија“ во центарот на Битола по Вечерната Празнична Света архиерејска литургија, со која началствуваше Митрополотот Преспанско – Пелагониски и Администратор Австралиско-Новозеландски Г. Петар, а по повод храмовата слава празничен концерт одржа хорот од Белград, Србија, “Прво београдско певачко друштво“.Во пеењето во Вечерната Празнична Света архиерејска литургија учествуваа и членовите на хорот, кои потоа одржаа прекрасен концерт на црковни песни на задоволство на голем број на свештеници, верници, љубители на црквовното пеење.“Прво београдско певачко друштво“ е основано во 1853 година во Белград, а од 2004 година со него диригира и го предводи Светлана Вилиѓ, а како солисти настапија Ана Цветковиќ – Стојниќ и Љубомир Чурќиќ. Хорот во Битола настапија со благослов на Патријархот Српски Г. Порфириј и Митрополитот Петар.На битолчани гостите од Белград им се претстави со песните “Оче наш“, “Благослови душе моје Господе“, “Свише пороци“, “Богородице Дево“…, а посебно добро звучеа солистите кои ги изведоа песните “Величит душе моје Господе“ и “Легенда о дванајст разбојника“.

Како изненадување за битолачани беше изведбата на “Билјана платно белеше“.По завршувањето на концертот на присутните им се обрати Отец Петар од Белград кој рече дека посебно му е мило што вечерва настапува во Битола.-Го гледам овој иконостаст додека го следев концертот и гледам колку е возвишена таа едноставна, битолска, македонска умотворба и срцетворба. Гледам како Светиите извираат и ми се полни и очите и срцето, а сето тоа е изработено од Дебарските мајстори. Би сакал, кога би било можно со компјутери и сензори, да ми се измерат срцето и мислите, колку се преполни со убави чуства, овие денови додека престојувам во Македонија во посетата на Македонската Православна црква. Мојата идеја пред 3-4 година да дојдам тука, Вие ја прифативте и сега сме тука. Благодарен сум на пречекот од сите не само од црковните лица, туку и од сите со кои успеав да разговарам.Отецот Петар, како рече, како добри гости на домаќините им донесов порадоци, во знак на љубов и благарноста на можноста да настапат во Битола. На Митрополитот Петар му подари икона изработена во манастирот Хиландар на Света Гора, во знак на сеќавање и Мајката Божја да го краси овој свет дом. Плакета од “Прво београдско певачко друштво“ му беа доделени на Митрополитот Петар за новни почесен член и старешината на црквата “Св. Димитрија“.

Митрополотот Петар за заблагодари на можноста да го слушаат хорот во Битола и рече:-Сакам да искажам благодарност кон Патријархот Српски Г. Порфириј кој покажа од сите дотогашни патријарси, најголема смелост, најголема жртва и најголема љубов кон нас Македонците и кон нашата Света црква најголемо дело за да бидеме признаени, со сите помесни цркви, под нашето уставно име Македонска Православа црква – Охридска Архиепископија. Љубовта на СПЦ кон МПЦ ги заокружи сите недоразбирања кои до тогаш постоеја, за да конечно меѓу нас да нема недоразбрирања. Сега сме едно пред Господа и се причествуваме од една чаша од крвта на Христа, нашиот Спасител и додаде:-Исто така сакам да му се заблагодарам на овој хор што вечерва ни приреди радост со убавото пеење што сите го доживеавме. А, утре повторно ќе ги слушаме, бидејќи заедно ќе сослужуваме, и ќе бидеме до едно срце и една душа со Господа, на Празничната Света архиерејска литургија во овој храм.

Текст и фото: Сашо Ристевски

More from ВестиMore posts in Вести »