Press "Enter" to skip to content

СВР Битола: пронајдени четворица предизвикувачи на пожар, 27 санкции за пешаци

Денеска (07.11.2023) во Полициската станица Битола, полициски службеници од криминалистичката полиција на СВР Битола извршиле службен разговор со три лица на возраст од 18 години и едно лице на 17 години сите од Битола. Тие се сомничат дека на 03.11.2023 околу 00.13 часот во Битола оштетиле и предизвикале пожар на кафемат, а од пожарот биле зафатени бандера и други околни предмети. Во разговорот тие го признале делото и по негово целосно документирање, против нив ќе биде поднесена соодветна пријава.

Во текот на денешниот ден (07.11.2023) во периодот од 10.00 до 14.00 часот Секторот за внатрешни работи Битола спроведе засилена акциска контрола на територијата на СВР Битола за санкционирање на прекршоци што ги прават пешаците. При контролата, санкционирани се 27 прекршоци, од кои, 25 за небезбедно преминување на улица надвор од пешачки премин… За време на контролата санкционирани се и 10 други видови на прекршоци.

More from ВестиMore posts in Вести »