Универзитетот „Св.Климент Охридски“ – Битола во соработка со стрелачките клубови: РЕК и Пелистер од Битола, на 07.11.2023 г. организираa универзитетски натпревари во стрелаштво со воздушна пушка.Спортската дисциплина која за првпат се одржува на УКЛО обедини над 50 студенти од сите единици на Универзитетот. Воедно, во рекреативниот настан, во посебна категорија учество зедоа и вработени на УКЛО, од наставниот и административен кадар.
Во спортската манифестација активно се вклучи и ректорот, проф. д-р Игор Неделковски. Пред да ги испроба своите стрелачки вештини, на студентите им укажа за важноста и значењето од меѓусебното дружењето и поврзување кои треба максимално да ги користат, бидејќи и најмногу се паметат, како едни од најубавите спомени од студентските денови.
Проректорката за студентски работи, проф. д-р Јасмина Буневска – Талевска, на најуспешните и најпрецизни учесници им додели дипломи.
Во категоријата студенти најдобри стрелци беа: Стефан Ѓоргиевски од Педагошкиот факултет – Битола, Филип Велјаноски од Правниот факултет – Кичево и Никола Бендевски од Техничкиот факултет – Битола.
Кај ненаставниот кадар со стрелачна прецизност се истакнаа: Јосиф Петровски, професор на Педагошкиот факултет – Битола и вработени од Стручната и административна служба на УКЛО: Горан Русевски и Васко Сиваков.
Универзитетот „Св. Климент Охридски“ – Битола за своите студенти и вработени до крајот на календарската година ќе организира натпревари во традиционалните дисциплини: шах, пинг-понг и пикадо и како новина, одржувањето на универзитетски натпревари во куглање.

Успешно одржани универзитетските натпревари во стрелаштво (фото)
More from ВестиMore posts in Вести »
- Деновиве пред 10 години: трикотажа “Пелистер“ прослави 90 години постоење (фото)
- Нова очекувана победа на Пелистер Волеј за стабилизирање на првото место
- Мозаици на академик Газанфер Бајрам изложени во Офицерски дом во Битола
- Денес по петти пат “Зелен Баир“ пошумување кај Кркардаш, “БВ бизнис груп“ обезбеди 500 зимзелени садници (фото)
- Интервју: Мими Марковски, музичар, водител, новинар од Битола: “југото“ медуим со урбани ликови е во прв план (фотогалерија)
More from СпортMore posts in Спорт »
- Нова очекувана победа на Пелистер Волеј за стабилизирање на првото место
- Еурофарм Пелистер лесно до бодови против Пролет во Битола (фотогалерија)
- Пелистер победник на пелагониското дерби против Победа
- Еурофарм Пелистер останува без бодови во ЛШ, пораз на гостувањето од Киелце
- Ангеловски: во Лигата на шампионите секој натпревар мотивира, така е и со Киелце