Press "Enter" to skip to content

“Двојката“ добро одигра, но недоволно за нешто повеќе против Алкалоид во Битола (фотогалерија)

Еурофарм Пелистер 2 – Алкалоид 31:36 (16:22)

Спортска сала „Боро Чурлевски“ – Битола, гледачи: 1.000
Судии: Александар Вукашиновски и Мирко Трајковски.

Еурофарм Пелистер 2: Печурица, Штаковски, Младенов, П. Маркоски 3, Талевски 4, Ристевски 4, Мирчески, Митревски 7, Димовски, Трпчевски 4, Калајџиовски, Ивановски 1, Белистојановски 4, Југовски, Мијушковиќ, Хоџиќ 4.

Алкалоид: Ромеро, Галевски, Џонов 4, Н. Маркоски 1, Младеновиќ 2, Серафимов 8, Стојчевиќ, Стојковиќ 6, М. Митев, Ѓорѓиев 4, Велковски 1, Омерагиќ 1, Бинго 4, Петковски 2, Д. Митев, Савревски 3.Екипата на Еурофарм Пелистер 2 одигра добар првенствен натпревар во Битола, но тоа беше малку да се изненади фаворитот, па така екипата на Алкалоид славеше победа и со нови бодови се враќа во Скопје, со резултат 31:36, полувреме 16:22.“Двојката“ одигра одлично во второто полувреме, бркаше минус од -3 и -4 гола, а со право забележуваат на лоши одлуки на судиите, без кои можеби натпреварот ќе имаше поголема неизвесност.Првото полувреме започна со силно темпо на Алкалоид, но од другата страна кај младите “пелистерци“ забележавме повеќе грешки кои му донесоа на гостите солидна пресност и на одмор заминаа со +6 (16:22).Вторите триесет минути донесоа многу подобра игра на Еурофарм Пелистер, а поангажираната игра донесе намалување на разликата на 3-4 гола, но не успеаја да дојдат до момент на пресврт. По 21:27, следуваше серија од 3:0 на домаќините, и во 42. минута беше -3 (24:27). Последните десетина минути Алкалоид не дозволи домаќинот да направи изненадување.Најефикасен кај Еурофарм Пелистер 2  Христијан Митревски со постиганти седум погодоци.

More from ВестиMore posts in Вести »