Press "Enter" to skip to content

Еурфарм Пелистер како домаќин во Скопје со +23 гола на “гостувањето“ кај Голден Арт

Еурофарм Пелистер – Голден Арт 39:16 (21:7)

Мала сала при СЦ „Јане Сандански“ – Скопје, гледачи: 200
Судии: Виктор Начевски и Даниело Божиновски

Еурофарм Пелистер: Лесјак, Кизиќ, Цехте 2, Борзаш 1, Танкоски, Костески 5, Нилсен 3, Петровиќ 5, Пет. Атанасијевиќ 8, Васиљев 4, Ѓорговски 7, Пешевски, Пав. Атанасијевиќ 1, Стевановиќ 3.

Голден Арт: Даскаловски, Бардакоски, Трајковски, Ончев 1, Глигоров, Даев. Стаменковиќ, Шилегов 2, Јанковски, Гошевски 7, Наумоски, Миланов, Божиновски, Милошевски 5, Дрпљанин 1, Гајиќ.

Фаворитот во 10. коло екипата на Еурофарм Пелистер како домаќин во Скопје, против екипата на Голден Арт победи со +23 разлика, 39:16, полувреме 21:7, во натпревар кој го одигра како посилен тренинг. 

Во ниту еден момент не беше доведено прашањето за победник на оваа средба, а прашање беше колку ќе биде разликата на крајот. Еурофарм Пелистер се одлепи на 10:5, а потоа разликата се зголемуваше. До полувремето Голден Арт даде само 7 гола, за високи 21:7 за битолчани.

Вториот дел беше само формалност, а разликата на 20 гола предност за битолчани беше во 53. минута (35:15). “Пелистерци“ продолжија со голови па до крајот стигнаа до 39:16.

Најдобар стрелец кај Еурофарм Пелистер беше Петар Атанасијевиќ со осум гола, Емилијан Ѓорговски со седум гола, а Павле Петровиќ со пет гола.

Голманот на битолчани Марко Кизиѓ во првото полувреме имаше 13 одбрани, а на крај заврши со 25 одбранети удари на голот.

More from ВестиMore posts in Вести »