Press "Enter" to skip to content

Топ гол во 1/4 финалето од Купот на Македонија за жени

Борец – Топ Гол 0:9 (0:7)

Екипата на Топ Гол од Битола во натпреварот кој се одигра на градскиот стадион во Велес, во 1/8 финалето ја совлада екипата на Борец од Велес со конечен резултата од 0:9, полувреме 0:7.

Димитровска со четири погодоци, Милевска со два, Талевска, Марковска и Бумбаровска со по еден погодок прецизно стрелаа во мрежата на Борец.

За Топ гол настапија : Талевска, Трајчевска, Куневска, М.Талевска, Стојчевска, Димитровска, Бумбаровска, Стевановска, Милевска, Марковска и Давчева, уште играа Љондевска и Триста.

-Секој пласман во следна фаза од Куп натпреварувањето е успех. Победата над Борец ја подигна атмосферата и самодовербата на повисоко ниво. Сега со мислите сме во саботниот натпревар против Истатов кој е од огромна важност за нас, изјави тренерот на Топ гол, Кире Грбевски.

До крајот на есенскиот дел од првенството остануваат уште четири кола и секој натпревар за Топ гол е борба за бегството од опасната зона на табелата.

More from ВестиMore posts in Вести »
More from СпортMore posts in Спорт »