Press "Enter" to skip to content

МНД Битола на денот на науката подари дел од својот богат библиотечен фонд на Архив – Битола (фото)

Македонското научно друштво-Битола Светскиот ден на науката кој се одбележува на 10 ноември како меѓународен ден кој ја истакнува важната улога на науката во општеството , оваа година го одбележува со подарување на дел од својот богат библиотечен фонд на Архив на РСМ- на Одделение во Битола.На одбележувањето на денот на науката просуствуваше директорот на НУУБ “СВ. Климент Охридски“ од Битола – Бојан Стефановски, членови на МНД, вработени во Архив Битола, како и ученици од приватното средно училиште “САБА“.-Станува збор за повеќе од 50-тина наслови чија тематика е Битола и околината, како и изданија од изминатите 30-тина година на списанието Прилози кое МНД-Битола го издава секоја година а кои ќе бидат сместени во архивскиот оддел Збирка весници од Битола. Списанието Прилози изобилува со трудови чии автори се членови на МНД-Битола, како и други научни работници од нашата земја, а кои преставуваат една добра основа и извор на информации кои може да им бидат од корист на младите лица кои започнуваат со своја научно истражувачка дејност, рече претседателот на МНД Битола, проф. д-р Невена Груевска, и која додаде:Со оваа наша активност ја продлабочуваме соработката со Архив на РСМ, затоа што како што истакна и раководителот на одделението на Архив во Битола, Гоце Стојановски, МНД- Битола својот почеток на делување и основање го имало токму во просториите на оваа институција.  Дел од вработените биле и дел од основачите на МНД-Битола. На овај начин дел од вредните пишани дела ќе бидат достапни и за пошироката популација. 

More from ВестиMore posts in Вести »