Press "Enter" to skip to content

По повод Светскиот ден на науката –  УКЛО Битола ја проширува научната орбита на дејствување (фото)

Светскиот ден на науката на Универзитетот “Св. Климент Охридски“ во Битола се одбележува во нов формат, со  динамизирана афирмацијата на науката и со целосно отворање на Универзитетот кон поединци и организации кои се занимават со наука и истражување.  Ректорот, проф. д-р Игор Неделковски истакна дека посебнoст на настанот му даваат две важни случувања: прогласување на најдобри научници на УКЛО во три категории и пристап кон УКЛО Мрежата како платформа за поврзување со научни дејци и институции кои делуваат надвор од Универзитетот.Најнови членови во УКЛО Мрежата со кои се потпишани меморандуми за соработка се: проф. д-р Горан Петровски (Универзитет во Осло, Норвешка), д-р Јован Стефановски и  д-р Петар Аврамовски како и Здружението на граѓани за унапредување на развојните процеси – ПроЛокал, Центарот за научно истражување и промоција на културата – ХАЕМУС и ЗГ Медицинскиот истражувачки центар.Станува збор за поединци и организации активни во заедницата, науката и истражувањата кои може да бидат носители или партнери во проекти. Новите членови во научното семејство на УКЛО искажаа благодарност и поддршка за иницијативата: Универзитетот да ги обединува научните потенцијали и го нагласија уверувањето дека со нивното вклучување ќе се постигне дополнителна вредност во содејство со научните кадри од УКЛО.Проректорот за наука на УКЛО, проф. д-р Горан Илиќ  смета дека на овој начин актуелното раководство на УКЛО за прв пат и сериозно ја проширува својата орбита на дејствување, со акумулација на што поголем број научници, што е клучно за важноста на науката и клучно за напредокот на УКЛО и севкупниот општествен напредок.На свечената седница на Комисијата за наука и меѓународна соработка на УКЛО, прогласени се и најдобри научници на Универзитетот во учебната 2022/23 во три категории. Титулата најдобар научник ја понесе Анка Трајковска Петкоска од Технолошко – техничкиот факултет – Велес, за најплоден научник е прогласена проф. д-р  Рената Петревска Нечкоска од Економскиот факултет – Прилеп и во третата категорија,  најактивен научник,  пофалница се доделува на предавачот Денис Арсовски од Високата медицинска школа и благодарница, за проф. д-р Дијана Блажековиќ – Димовска од Факултетот за биотехнички науки – Битола. Најдобрите научници и истражувачи меѓу кои и професори од други единици, категоризирани како академски кадри кои покажуваат високи научни резултати, УКЛО ќе ги промовира на пригодна свеченост, по повод Патрониот празник на Универзитетот.Активностите поврзани со афирмација на науката на УКЛО продолжуваат на 17 ноември со одржување на Меѓународен научен собир на тема: “Мултидисциплинарен пристап кон целите за одржлив развој”.  

More from ВестиMore posts in Вести »