Press "Enter" to skip to content

Промовирана туристичката тура низ старата чашрија во Битола (фотогалерија)

Во Битола во старата Битолска чаршија беше претставен проектот  “Сигналитика“  –  како резултат на соработката  помеѓу Општината Битола и Француската  Национална асоцијација  Забележителни Места и градови  односно градови на уметноста и историјата  и градови со заштитени јадра.По тој повод, францускиот амбасадор Сирил Бомгартнер, заедно со градоначалникот на Битола – Тони Коњановски, дел од советниците од Советот на Општина Битола, експертите кои ги реализираа проектот, учениците од ОУ “Даме Груев“ ја поминаа туристичката тура во битолската стара чаршија.Амбасадорот Бомгартнер нагласи дека со реализација на овој проект, заедно со пријателите од Битола, со поставување голем број на паноа на три јазици македонски, англиски и француски, ги дава потребните резултати.-Сите работиме на една тема која ни е при срце, а тоа е зачувувањето на културното наследство, рече амбасадорот Бомгартнер.Оваа туристичка тура во Битола која е во соработка со француски експертски организации е исцртана преку десет туристички паноа поставени пред значајни белези на урбаното градско јадро, што е продолжување на претходен сигналитички проект кога беа ставени информативни табли и за други значајни објекти и места низ Битола.И градоначалникот на Битола, Тони Коњановски истакна задоволство од реализацијата на овој проект бидејќи ќе им биде олеснато движењето на туристите низ Битола, со користње на кодовите кои се поставени на таблите и дека тие се допонети со дригии табли за лицата со оштетен вид, напишани на браеви писмо.Станува збор за соработка  што трае скоро  20 години и досега резултираше со два проекти Сигналитика и Инвентаризација на старата битолска чаршијаПоследниов проект со наслов “Познавање, зачувување и вреднување на старите градски јадра“ се состоеше во тригодишна размена на искуства и добри практики, обуки и студиски патувања во рамките на една проектна мрежа од  16 македонски, албански и француски градови. Проектот опфаќа сет од 10 сигналитички, информативни, тријазични табли распоредени на интересни и специфични пунктови  во живописната битолска чаршија.

More from ВестиMore posts in Вести »