Press "Enter" to skip to content

Заеднички состанок на ендоктинолизите и дијабетолизи и кардиолозите во Битола (фото)

Во Битола во Офицерски дом во организација научно здружение на ендокринолози и дијабетолози на Македонија на се одржа заеднички состанок на ендоктинолизите и кардиолозите на тема дијабетес и кардиологија и нивната поврзаност.Проф. д-р Татјанана Миленковиќ, професор на Медицинскиот факултет во Скопје, инаку претседател на Научно здружение на ендокринолози и дијабетолози на Македонија за оваа заедничка средба рече:-Секогаш ми е мило кога сум во Битола, а денес и во Офицерски дом во прекрасна атмосфера кога имаме заеднички состанок со кардиолозите со кој имаме заеднички состанок на тема дијабетес и кардиологија и нивната поврзаност. Поврзаноста е голема бидејќи пациенти со тип 2 дијабетес има многу, а и ние сме земја со висок ризик, а последно време сме земја и со висок ризик за кардиваскуларни болести. Нашите пациенти со дијабетес боледуваат од оваа болест, а скоро две третини од нив имаат кардиоваскуларни компликации. Овие компликации го следат дијабетесот од почетокот, а поради тоа се прават напори кај луѓето да се направи превенција, бидејќи најдобро е да се направи превентива, а не лекување.За тоа кои се главните ризик фактори за овие болести проф. д-р Татјанана Миленковиќ додаде:-Сега имаме насоки, кои денес ќе ги промовираме како да го намалиме кардиоваскуларниот ризик кај цела популација, особено на лицата со дијабетес. Во Македонија има 130 илјади пациенти со оваа болест, а со тип еден има околу четири и пол илјади. Има и пациенти кои се на исулинска тепарија. Генерално дијабетесот е еден проблем и пандемија која ја зафаќа цел свет, а и нас како дел од тоа. Имаме поголем ризик бидејќи нашата популација станува надхранета или подебела, оди кон гојазност, кон дебелина, а тоа е главен ризик фактор покрај генетиката, стареењето и така натаму.Проф. д-р Сашко Кедев за поврзанста на овие болести рече:-Вечерва имаме заеднички состанок на кардиолозите со колегите од ендокринологија што пред се врвни експерти во дијабетологијата. Заедничко е тоа што ги делиме истите пациенти. Најголем дел од нивните пациенти страдаат од компликации со срце и кардиоваскуларниот систем. Од тие причини последните години инетензивно работиме заеднички, бидејќи во нашата работа пациентите се главната спојница помеѓу нашите специјалности. Во поново време има многу актуелнисти, многу прогрес во фармакологијата на дијабетот и кардиваскуларните заболувања и од тие причини секогаш од големо значение се овие заеднички состаноци.За тоа како можат самите пациенти да се заштитат и излекуваат Кедев додаде:-Многу е важно покрај фамрацијата и животниот стил на пациентите. Голем број од тие пациенти имаат пред се обезност, недоволно контрола на останатите ризички фактори. Ако успеат нивниот животен стил да го прилагодат со соодветна исхрана, со зголемено ниво на физичка активност, поинтензивна физичка контрола секако под контрола на лекарите голем број на случаи ги доведуваат на ниво на дијабет. За среќа има потврда дека дијабетот може да биде и реверзабилна болест, а тоа значи дека во одредена фаза ако имаат добар животен стил, со соодветна исхрана и физичка активност и со соодветен режим можат да излезат од дијабет. Тоа е она на што работиме со колегите еднокринолози.На состанокот учествулаа лекари од сите здравствени установи од Битола, од државниот и приватниот сектор.

С.Ристевски

More from ВестиMore posts in Вести »