Во Офицерскиот дом во Битола, беше отворена изложбата “Париски рефлексии“, во која се поместени дела од најзначајните македонски ликовни уметници кои твореле во минатиот век.Изложбата во Битола е поставена на иницијатива на почесниот конзул на Република Франција, Калиопа Кривашија Стилиновиќ.
Иницијативата беше прифатена од страна на Француската амбасада, а во соработка со Француската алијанса, Францускиот институт, Националната галерија во Скопје и домаќинот Културно информативниот центар Битола.
На изложбата се поставени дела на Димитар Пандилов Аврамовски, Лазар Личеноски и Никола Мартиноски, како и Томо Владимирски, Борко Лазески и Лена Стефанова.
Градоначалникот Тони Коњановски, обраќајќи се пред присутните, истакна дека Битола, како град на франкофонијата, има посебно задоволство да биде домаќин на оваа вредна и значајна изложба.
-На прекрасен начин го заокружуваме денешниот ден со отворањето на оваа изложба, Париски рефлексии, во која имаме ретка можност на едно место да ги погледнеме најпознатите дела на македонските уметници, создадени под влијание на Париз, во организација на Почесниот конзулат на Република Франција во Битола. Градот на светлината успеал да ги магепса најголемиот дел од неговите посетители, а уметниците, најдобро знаат како, дел од тие блескави моменти на Париз да го стават на платно и да го претворат во трајна уметничка вредност, рече Коњановски.
Отворајќи ја изложбата, францускиот амбасадор Сирил Баумгартнер, се заблагодари на домаќинот, КИЦ Битола.
-Изразувам задоволство што во соработка со Националната галерија во Скопје, битолчани ќе имаат можност да ги погледнат делата на македонските основоположници кои живееле и работеле во Париз меѓу двете светски војни. Париска школа е називот за сите уметници кои по Првата светска војна и помеѓу двете светски војни престојувале во Париз и оттаму извршиле големо влијание во развојот на модерната уметност.
На настанот присуствуваа голем број гости, меѓу кои и генералните и почесни конзули, како и уметници, љубители на уметноста и голем број млади лица, на задоволство на организаторот.
![](https://i0.wp.com/bitolanews.mk/wp-content/uploads/2023/11/pariz-8-88.jpg?fit=1000%2C635&ssl=1)
Изложбата “Париски рефлексии“ во Битола (фотогалерија)
More from ВестиMore posts in Вести »
- Театарската претставата “Крал Лир“ изведена во “Вила Де Ниро“ пред светската премиера на Охридско лето (фотогалерија)
- Премиерот Христијан Мицковски во посета на Битола (фотогалерија)
- Американецот Брајан Антоан е нов играч на КК Пелистер од Битола
- СВР Битола: кражба на мопед, сопруга пријавила физички напад од сопруг, малолетничко насилство, пронајдена артилериска граната
- Илјадници верници синоќа и денес во црквата “Св. Архангел Гаврил“ кај “Довлеџик“ во Битола (фото)
More from КултураMore posts in Култура »
- Театарската претставата “Крал Лир“ изведена во “Вила Де Ниро“ пред светската премиера на Охридско лето (фотогалерија)
- “Македона“ ревија на дизајнирана женска облека инспирирана од народна носија на модниот креатор Александар Ортаковски од Битола (фотогалерија)
- Спектакуларен концерт во Битола на маестро Илија Ампевски и пријателите за неговиот 50 роденден (фотогалерија + видео)
- КУД “Илинден“ Битола со музичко-сценскиот проект “На Панаѓир“ на Илинденски денови (фотогалерија)
- Гостување на операта “Дидона и Енеј“ и започната соработката меѓу КУД “Стив Наумов“ од Битола и СКЦ од Ниш