Press "Enter" to skip to content

Петта победа во победничката серија на Пелистер, во Битола победен ТФТ (фотогалерија)

Пелистер – ТФТ 87:70

Кошаркарите на Пелистер продолжија со победничката серија, а вечерва во Битола ја забележаа 5. по ред победа со  убедлив триумф со 87:70 над екипата на ТФТ Моцарт во седмото коло од Првата македонска лига. “Пелистерци“ тргнаа силно уште од стартот, со добар почеток на дербито на ова 7. коло. Во првите десет минути одигра Стојановски, кој реализираше 12. поени, и го поведе битолскиот тим кон сигурно водство. На истекот на десеттата минута беше (28:21) за „бело-зелените“.  И во вториот квартал домаќините максимално го искористија тој празен чекор на противникот. Имаа и +20 (48:28) пред крајот на полувремето, а полувремето 50:33.Вториот дел донесе прилично слична слика на паркетот, Пелистер продолжи со одличниот ритам и не му дозволи на ривалот од Скопје ниту да се понадева на евентуално резултатско враќање.  Третата делница одново убедливо им припадна на домаќините, по што веќе беше јасно дека победата останува во Битола. Последниот дел започна со +30 предност на домашните, Пелистер малку го забави темпото, но сепак извојува убедлив триумф со конечни 87:70. Најефикасен кај победничкиот тим беше Лука Стојановски со 15 поени, Планиниќ даде 14, а уште по 13 додадоа Магдевски и Маслинко. 

More from ВестиMore posts in Вести »