Press "Enter" to skip to content

Ноќеска легитимирани 263 лица во акција на криминалистичката полиција на СВР Битола

На 12.11.2023 од страна на полициски службеници од криминалистичката полиција на СВР Битола спроведена е акциска контрола за санкционирање на присуство на малолетници во угостителски објекти после 24 часот на подрачје на Битола.

При контролата легитимирани биле 200 лица во угостителски објекти на подрачјето, при што во угостителски објект во Битола затекнато е едно малолетно лице после 24 часот и констатиран прекршок по чл. 31 од Законот за оружје, каде при извршен преглед кај лице на возраст од 25 години од Битола пронајден е нож.

Во времето од 02.00 до 03.00 часот, криминалистичката полиција во содејство со Државен пазарен инспекторат и Управа за јавни приходи, при  извршена акциска контрола во ноќен клуб во Битола изврши прегледи врз 63 лица каде констатира низа неправилности за кои ќе се преземаат дополнителни проверки и поднесоци.

По документирање на настаните ќе бидат поднесени соодветни пријави против прекршителите.

More from ВестиMore posts in Вести »