Press "Enter" to skip to content

Одбојкарките на Пелистер Волеј со неочекуван пораз во Битола, направија од готово-вересија (фотогалерија)

Пелистер Волеј – Газели Волеј 2:3

(25:18; 25:20; 17:25; 24:26; 13:15)

Одбојкарките на Пелистер Волеј на свој терен во Битола го доживеаја првиот пораз во оваа сезона во Втората одбојкарска лига на Македонија. Тие се поразени од екипата на Газели Волеј од Скопје со резултат 2:3 по сетови, откако има водтство од 2:0.“Пелистерки“ можат да жалат за тоа што не ја продолжија победничката серија особено по брилијантната игра во првите два сета во кои Пелистер Волеј доминираше во секој дел од играта, а имаа и меч топка во четвртиот сет при резултат 24:22.За тоа како дојде со пресврт на натпреварот по 2:0 во сетови, тренерот Роберт Митковски вели:-Во третиот сет имавме голем пад на енергијата, многу неоправдани грешки во одбрана и во напад како и многу сервис грешки, што секако е недозволиво кога се посакува победа. Во четвртиот сет до самиот крај имавме водство во континуитет од 3 до 5 поени позитива, но и тоа го прокоцкавме за освојување на трет сет за нас, што практично ќе значеше победа. Во петтиот исто така иако заминавме на промена на страните со позитива од 8:7, а имавме и 13:10, сепак ни двата тајмаути не вродија до плод да се направи добар прием и да се заврши натпреварот во своја полза.Поените ги освоија: Стефани Најдановска 18, Софија Проковиќ 15, Ивана Белокозовска 12, Лиле Лозановска 7, Билјана Јаковлевска 5, Меланија Каралиоска 5, Анастасија Ристевска 3, и Мила Андоновска 1.

More from ВестиMore posts in Вести »