Press "Enter" to skip to content

Билтен на МВР: шетал гол низ зграда- заработи кривична, фудбалски судија нападнат на стадион во Горно Оризари

Криминалистичката полиција на СВР Битола поднесе кривична пријава против 34 годишник со привремен престој во Битола поради постоење основано сомнение дека извршил кривично дело „задоволување на полови страсти пред друг“  по член 190 од Кривичниот законик. На 08.11.2023, тој излегол без облека во ходник од зграда во Битола во која живеел и ги вознемирил станарите.

На 12.11.2023 во 17.10 часот во СВР Битола, Д.Л. (35) од Битола пријави дека на фудбалско игралиште во село Горно Оризари, битолско, каде што бил судија на фудбалски натпревар, физички бил нападнат од службено лице од една од екипите. Се преземаат мерки за расчистување на настанот.

 

More from ВестиMore posts in Вести »