Press "Enter" to skip to content

Завршија билјард натпреварувањата, Христо Василевски од Битола севкупен шампион (фото)

-Лонгони од Битола може да се пофали покрај тоа што Василевски е шампион, и со тоа дека Димовски избори пласман во елитата.

-Лонгони ќе се бори и за екипен првак на Македонија.

Билјард клубот Лонгони од Битола со учествот на 7. по ред мастерс и во двете конкуренции ја заврши билјардската сезона во Македонија барем што се однесува до натпреварите во индивидуална конкуренција, изземајќи го јуниорското државно првенство.Завршниот мастерс во “А“ дивизијата во Американски пул билјард, дисциплина “9-ка“ се одржа во клубот “Петчи и Панчо“ во Битола. И како што се очекуваше на домашен терен и на новите домашните играчи не беа воопшто гостопримливи и со тројца полуфиналисти ја крунисаа сезоната.

Христо Василевски е освојувачот на последниот мастерс, трет за него оваа година и севкупен шампион на Македонија во Американски пул билјард. Прикажа одлична игра, а тренирањето по неколку часа дневно придонесе сите удари да ги изведува самоуверено и технички точно и исправно. 

Ицаноски беше трет и заврши трет во генералниот пласман. Илче Трајковски го освои бронзениот медал и ова е втор пиедестал годинава за него. 

-Екипата беше во полн состав и настапија сите седум натпреварувачи. Николче Србиновски имаше неуспешно сезона и до крај не се снајде и не успеа да им парира на најдобрите. За разлика од него, Наум Гулески се созеде на крајот и со две победи успеа да избори опстанок и да ја искористи лошата пракса на апстинирање на некои играчи. Со ваква игра и ако се знае кои играчи останаа и плус колку квалитетни играчи ќе ја пополнат “А“ лигата ќе му биде до година многу тешко да опстане. Игор Радичоски имаше сезона за заборав и ќе мора да има посериозен пристап во иднина. После две апстинирања и после разговорот со тренерот Горан Думевски Панчо и покрај тоа што немаше ни теоретски шанси да опстане сепак настапи Теодор Најденов кој со своето учество можеше само да помогне. Ако се земе во предвид неговото учество и учеството на Тони, Димовски, Нури Адемоски, Петар Думевски, Никола Петков, Горан Василевски, Филип Трајчевски и Кристијан Пешевски настапија во “Б“ дивизијата се со цел само да помогнат, може да се каже, а и да сме горди на тоа дека тимскиот дух е на многу високо ниво во клубот. Потег за поздравување и така треба да продолжи, вели тренерот Горан Думевски.Делегат, главен судија, администратор и известувач за турнирот беше Горан Петровски, а судија по маси и негов помошник Горан Думевски, и двата од Битола. Двајцата судеа и на дисциплина “9-ка“ во “Б“ дивизијата.

Б“ дивизијата се играше во Скопје, а дека билјардската еуфорија не престанува, доказ се 56. те натпреварувачи, а за настапот на билјард играчите од Битола од клубот велат:

-Лонгони од Битола како што и доликува на еден шампионски тим се претстави со 11 играчи. Петар Думевски имаше дебитантски настап, а после 20 годин се појави и Никола Петков – Петчи, билјардска легенда во Битола и заедно со Панчо, првите освојувачи на турнир надвор од Битола. Нури Адемоски пријатно изненади со трите победи во низа. Настапија и Игор Димовски, Филип Трајчевски, Андреј Ангеловски и Горан Василевски, а жребот и случувањата на турнирот беа такви што Тони Петровски и Никола Стојановски ги делеа само една победа од место кое води во повисок ранг на натпреварување но во клучните мечеви не го дадоа својот максимум. Шансата ја искористи младиот Илија Димовски кој после поразот во првиот меч се созеде и во мечеви во беа да се биде или не, а такви беа три покажа смиреност и добра игра. Во генералниот пласман се пласираше на второто место и догодина со своите 15 години заедно со Андреј Ѓурчиновски ќе бидат најмладите играчи во “А лигата“.

Останува да се одигра државното екипно првенство каде Лонгони од Битола го брани првото место. Битолските играчи тренираат и играат секојдневно се подготвуваат. Тројца јуниори од Битола ќе играат на јуниорското државно првенство ќе се одржи нареден викенд во Скопје, каде шансите се големи за висок пласман.

С. Ристевски

More from ВестиMore posts in Вести »