Press "Enter" to skip to content

Презентирана физибилити студијата за видео надзор во Битола

Во салата на Советот на општина Битола, во присуство на градоначалникот – Тони Коњановски, претседателката на Советот – Габриела Илиевска, советниците, вработените во општинската администрација и медиумите, денес се одржа јавна презентација на изработената “Физибилити студија за видео надзор во Битола.Согласно Програмата за животна средина за 2023 година, изгласана од Советот на општина Битола, распишана е јавна набавка за избор на фирма, по што е избрана фирмата “Кабтел“ од Скопје. Се очекува оваа физибилити студија да биде добра основа за преземање на следниот чекор и завршување на овој проект со инсталирање на систем за видео надзор, со кој ќе го зголемиме нивото на безбедност и ќе ги сочуваме во добра состојба, сите инвестиции кои се наоѓаат на јавните површини во градот, рече во своето обраќање градоначалникот на општина Битола Тони Коњановски.-Во Општина Битола, повеќе години наназад јасно се зборува за потребата од видео надзор, со цел подигнување на нивото на безбедност во градот, заштита од вандализми со кои се уништуваат објекти или опрема поставена на јавни површини, или накратко по примерот на повеќе градови во Европа и светот и во нашиот град да се придонесе за намалување на криминалот, насилството, одржувањето на хигиената и постигнување на поголем број на бенефити. Токму затоа, нашето барање беше да се изготви студија која треба да ги анализира опциите за поставување на системи за видео надзор на одредени клучни локации во градот, покривање на најзначајните локации во Битола, избор на капацитет и технологија со детален осврт кон главната опрема и со анализа на алтернативни решенија, сеопфатна техноекономска анализа, прашањата поврзани со влијанието на системот врз животната средина, заштита на лични податоци и други аспекти, истакна градоначалникот Коњановски.Претставникот на компанијата “Кабтел“, Тони Ѓорѓиев, пред присутните ја образложи методологијата за изработка на студијата, незјините цели и задачи, како и начинот на избор на локациите каде што треба да бидат поставени камерите за видео надзор.

Во наредниот период Физибилити студијата ќе биде ставена на увид на советниците и јавноста на веб страната на општината, по што ќе се разгледаат сите можни аспекти за поставување на видео надзор во Битола.

More from ВестиMore posts in Вести »