Press "Enter" to skip to content

СВР Битола: 259 санкции викендот  за сообраќајни прекршоци

Секторот за внатрешни работи Битола во текот на викендот (10/11/12.11.2023) продолжи со контролите во областа на сообраќајот.

На територија на СВР Битола санкционирани се 259 возачи, меѓу кои 78  мерки за возење повеќе од дозволената брзина, 52 мерки за возење без возачка дозвола, 55 возачи за управување под дејство на алкохол…

Сообраќајните контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до граѓаните да ги почитуваме сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот и заедно да придонесеме за посигурни патишта.

More from ВестиMore posts in Вести »