Press "Enter" to skip to content

Болницата “Плодност“ дел од глобалниот настан “Movember 2023“ во Скопје

На настанот насловен “Movember 2023“, кој се одржа во Сити Мол во Скопје, со свои едукативни предавања се вклучи и болницата “Плодност“ од Битола.

Прим. д-р Александар Ристески одржа предавање за здравјето на простатата, скрининг за карцином на простата и скрининг за карцином на тестиси, а ембриологот м-р Стефан Матиќ говореше за плодноста и неплодноста кај мажите, ризик фактори и сексуално преносливи инфекции и ХПВ кај мажи. Беа презентирани и сите андролошки услуги и прегледи за мажи во нашата болница.Ембриологот Николче Огненовски одговараше на прашања и консултации со пациенти, а од страна на нашата вработена Цветанка Груевска беа поделени флаери за услугите кои ги нуди болницата во однос на машкото здравје.

“Плодност“ додели и бесплатни ваучери за ехо преглед на простата и тестиси, спермограм (анализа на квалитет на спсерма) со андролошка консултација и ХПВ скрининг за детекција на 21 тип на ХПВ кај мажи со андролошка консултација и советување за ризик фактори, во вредност од околу 1.000 евра.

На овој начин, болница “Плодност“ преку одржаниот настан се вклучи во глобалното одбележување на месецот на машкото здравје, со што уште еднаш ја потврди својата општествена одговорност, како болница која се грижи за здравјето на мажите, нивната репродуктивна функција, со што индиректно се грижи и за иднината на нашите поколенија.