Press "Enter" to skip to content

Неочекувана бундеслигашка “бомба“ во Битола, Еурофарм Пелистер го врати Филип Кузмановски во клубот

Еурофарм Пелистер од Битола денес на ракомеѕната јавност им го соопшти големото засилување во тимот на бековската линија, а тоа е репрезентативниот бек Филип Кузмановски, кој доаѓа директно од Бундеслигата од тимот на Вецларв.

Само по неколку часа по веста дека Кузмановски го раскина договорот со бундеслигашот, клубот од Битола го официјализира потписот со еден од најдобрите македонски ракометари, кој потекнува од Битола.

-Ни претставува особена чест и задоволство да ја информираме јавноста дека од денес нов член на Еурофарм Пелистер е македонскиот репрезентативец Филип Кузмановски. Процесот на обединување на македонските репрезентативци и квалитетни странски засилувања продолжува и враќањето на нашиот поранешен член е одлука која оди во тој правец. Филип Кузмановски наскоро ќе му се стави на располагање на стручниот штаб и неговото деби се очекува деновите во Суперлигата и Лигата на шампионите. Официјалното претставување на Кузмановски како нов ракометар на Еурофарм Пелистер е закажано за понеделник 20 ноември, се вели во соопштението на македонскиот шампион.

27-годишниот Кузмановски е дете на Пелистер, првите ракометни чекори ги направи во Битола и доби афирмација во матичниот клуб Пелистер. Потоа се пресели во Металург за да се врати во Битола, во Еурофарм Работник, па се одлучи за интернационална кариера. Го носеше дресот на Мгдебург, Ханивер и Вецлар.

More from ВестиMore posts in Вести »