СЗО, со поддршка на Министерството за здравство, во просториите на НУУБ “Св.Климент Охридски“ во Битола, одржа Форум на заедницата на којшто, жените-лидерки од Битола ја подигнуваат јавната свест за важноста на менталното здравје кај децата, адолесцентите и младите.–Нашите партнерки, жените-лидерки се поддржани од градоначалникот на општината д-р Тони Коњановски. Во локалните заедници, оваа активност ја спроведуваме во соработка со “Здружение за одржлив развој БИОМ“, како дел од “Заедничката глобална иницијатива на СЗО и УНИЦЕФ за ментално здравје и психосоцијална добросостојба и развој на децата и адолесцентите“. Така, помагаме да се унапреди превенцијата, третманот и отворената дискусија за менталното здравје на младите, рекоа организаторите.
Во текот на денешната посетата на ООУ„Св.Климент Охридски“ Битола, коешто учествува во иницијативата на СЗО “Училишта што го унапредуваат здравјето“, жените-лидерки имаа личен увид во начинот на кој ги разбираме образованието и добросостојбата на учениците.

Жените-лидерки ја подигнуваат јавната свест за менталното здравје кај децата (фотогалерија)
More from ВестиMore posts in Вести »
- Во Битола променливо облачно со сончеви периоди, температурата до 21 степен
- Спортските екипи од основните и средните училишта од Битола добија комплети дресови од Училишниот спорт (фото)
- Во Битола “Саем на кариера 2025“ на ФИКТ на УКЛО (фотогалерија)
- Во Битола се полагаше тест за вработување во Клиничка болница Битола и општите болници во Прилеп, Охрид и Кичево (фото)
- Промовиран документарниот филм “Слободата заборавена меѓу регистрите“ (фото)