СЗО, со поддршка на Министерството за здравство, во просториите на НУУБ “Св.Климент Охридски“ во Битола, одржа Форум на заедницата на којшто, жените-лидерки од Битола ја подигнуваат јавната свест за важноста на менталното здравје кај децата, адолесцентите и младите.
–Нашите партнерки, жените-лидерки се поддржани од градоначалникот на општината д-р Тони Коњановски. Во локалните заедници, оваа активност ја спроведуваме во соработка со “Здружение за одржлив развој БИОМ“, како дел од “Заедничката глобална иницијатива на СЗО и УНИЦЕФ за ментално здравје и психосоцијална добросостојба и развој на децата и адолесцентите“. Така, помагаме да се унапреди превенцијата, третманот и отворената дискусија за менталното здравје на младите, рекоа организаторите.
Во текот на денешната посетата на ООУ„Св.Климент Охридски“ Битола, коешто учествува во иницијативата на СЗО “Училишта што го унапредуваат здравјето“, жените-лидерки имаа личен увид во начинот на кој ги разбираме образованието и добросостојбата на учениците.
[ngg src=”galleries” ids=”1725″ display=”basic_thumbnail” override_thumbnail_settings=”1″]






