Press "Enter" to skip to content

За патронот мошти на Света Петка пристигнаа во МПЦ “Св. Петка“ во Рокдајл – Сиднеј, Австралија (фото)

Како во секоја работа така и во работата и делувањето на македонските  друштва, организации и црковни општини во Сиднеј и пошироко има падови и успони на кои треба да се подучуваме и подобро организираме и пред се уште повеке да ја афирмираме нашата посебност како Македонска етничка заедница и ако на повидок е веке четвртата генерација на Македонци.На 8 август 2023 година, Македонската Православна црква “Св. Петка“ во сиднејскиот кварт Рокдајл, го прославува патрон празникот на црквата. Но, оваа година беше не вообичаено. Пред Богослужбата парохискиот свештеник Владо Недески го пречека Неговото Високопреосвештенство г. Михаил, Архиереј на Романската православна црква за Австралија и Нов Зеланд кој лично ги донесе моштите на Св. Петка  Римјанка на денот патрон на црквата.На овој торжествен дочек на светите мошти покрај мноштвото верници присуствуваа и свештенослужители од сестринските православни цркви: Владо Недески и Александар Ивановски од Македонска Православна црква, отец Ницу Дранца од Романската црква, отец Доунисиус Халим од Руската задгранична црква (РОЦОР), отец Миодраг  Периќ, отец Никола Билиќ, отец Бранко Босанчиќ, и  отец  Веселин Сворчан од Српската црква, како и монахињи од Руската задгранична црква.На крајот од Божествената литургија од името на Австралиско-сиднејската епархија на МПЦ, отец Владо Недески нај искрено му се заблагодари на надлежниот Митрополит на Романската православна црква г. Михаил, за големиот чин на лубов со личното носење на моштите и неговото учество во Божествената литургија.Отец Владо Недески упати благодарност и кон надлежниот Митрополит на Српската црква владиката Силуан и кон владиката на Руската задгранична црква г. Ѓорги за благословот односно одобрението нивните свештеници да богослужат во нашата црква.Како благодарност кон владиката г. Михаил на крајот од Богослужбата му беше подарена икона од Св. Петка Римјанка изработена од познатиот уметник Даниела Недеска.

Кире Циревски

More from ДијаспораMore posts in Дијаспора »