Press "Enter" to skip to content

“Животот е музика” во чест на академик Георги Здравев (фотогалерија)

Во саботата во свечената сала на Офицерски дом Битола, се одржа свечен настан со наслов “Животот е музика” во чест на академик Георги Здравев од Битола. Преку сеќавањата на нараторите ни и преку звуците на македонската класична музика се оддаде почит на еден наш сограѓанин, професор, диригент, човек кој со сето свое битисување даде огромна заложба за воздигнувањето на музичката уметност во Битола.Името на Георги Здравев е комплетно вградено во битолската но и македонска музичка историја. Големиот ентузијазам, идејата да се остави нешто вредно зад себе за овој град за идните генерации, го прави посебен човек во нашето музичко опкружување.-Сведоци сме дека јавно ја осудуваше шунд музиката со што предвидуваше и не предупреди за она што не очекува, или поточно за она што денес се случува со младата популација во изборот на музички жанрови кои сами по себе носат и начин на размислување и однесување. Надежта за тоа да не се случи ја гледаше во младите музичари. Проф. Здравев беше во постојана битка за подобро утре во нашиот град. Во постојана битка да се поткрепат младите уметници и да им се подаде рака на патот кон успехот. Јас сум една од нив, и сум благодарна за тоа. Носејќи се со истата идеа ја формира камерната опера под чие име организираше бројни концерти и културни настани. Во 2019 година, неговата работа ни ја препушти нам, на помладите уметници во градот за да ја продолжиме неговата работа и достојно да го споменуваме неговото име. Здружение на граѓани – Камерна опера Битола постои и денес а изборот на професорот Здравев беше – професорката  Марина Коруновска да биде негов наследник и директор на истата со што и завешта да ја продолжи неговата мисија.Покрај обемниот број на прирачници, трудови и учебници имплементирани во образовниот систем во Македонија, во 2019 професорот ни остави уште едно вредно дело кое претставува сублимат на музички правци и нивните карактеристики.-Книгата „За музиката“ е труд кој треба да се поседува како стручна музичка литература за сите музичари но и оние љубителите на музиката. За мене беше чест што бев во уредничкиот тим како и во тимот на промотори на тоа обемно дело заедно со проф. Марина Коруновска и уметникот Владо Ѓоревски, кој ја подготви изложбата со плакати, постери и дуги вредни експонати кои се наоѓаат во Државниот архив, меѓу кои и првиот инструмент на Здравев, виолината.Настанот беше во организација на КИЦ Битола и Државен Архив, одделение Битола во соработка со Државно музичко училиште – Битола.

Фото: Ивона Кочов

More from ВестиMore posts in Вести »
More from КултураMore posts in Култура »