Press "Enter" to skip to content

Компанијата Кромберт и Шуберт Македонија ДООЕЛ организира предавање “КРОШУ чувар на вашето здравје“

Петок, на 17 ноември во Битола, во Центарот за култура во Битола, компанијата Кромберт и Шуберт Македонија ДООЕЛ ќе организира предавање насловено “КРОШУ чувар на вашето здравје“ кое компанијата го организира пред се за вработените, но и за сите заинтересирани граѓани. 

Предавачи на трибината предавањето ќе бидат д-р Сашо Младеновски – ортопедски хирург, д-р Љупчо Николов – специјалист по трауматологија, д-р Александар Димовски – специјалист по радиодијагностика, д-р Наташа Хаџиева Де Ангелис – специјалист по кардиологија, д-р Влатко Ѓорѓиевски – специјалист по гинекологија и акушерство и Марија Јанакиевска – психолог, гештал советник, интегративен психодинамски советник.

Компанијата “Кромберт и Шуберт Македонија“ ДООЕЛ заинтересираните ги очекува во што поголем број, заедно со најблиските да присуствувате на најголемиот настан посветен на здравјето.Во коментар или во порака на следниот линк

https://www.facebook.com/photo/?fbid=306293818913982&set=a.236623869214311

ги очекуваме Вашите прашања кои би сакале докторите да ги одговарат.

Организираниот бесплатен превоз е за сите заинтересирани граѓани и ќе биде во следното време:

Прилеп – Постојка пред плоштад „Марко Цепенков“ во 17:00 часот

Ресен – Постојка пред затворен пазар (КАМ) во 17:00 часот

Демир Хисар – Постојка пред ресторан „Таљо“ во 17:00 часот

Битола – редовни постојки, Горно и Долно Оризари, Буковски ливади во 17:10 часот.