Press "Enter" to skip to content

Општина Битола: се асфалтира кружниот тек на “Прилепска“ и се тампонира во “Недопирливи“

Се асфалтира новиот кружен тек на улица „Прилепска“ со улица “Баталјон Стив Наумов“ (место викано кај Ветеринарната станица). Проектот кој го реализира општина Битола, вклучува канализациона мрежа, коловоз и улично осветлување, со што просторот ќе биде комплетно уреден, а ќе се промени и режимот на сообраќај во овој дел на градот од крстосница со сигнализација во крстосница со кружен тек
 
Општина Битола заедно со јавните претријатија “Водовод“ и “Нискоградба“ започнаа со тампонирање на населбата “Недопирливи“, за што градоначалникот на Битола – Тони Коњановски вели.
-Почитувани, Министерството за транспорт и врски повеќе од 4 месеци не може да избере изведувач за асфалтирање на населбата “Недопирливи“, односно за фазата коловоз, што е нивна обврска, а фазите водовод и канализацијата, што согласно договорот се обврска на Општината се веќе завршени од страна на јавните претпријатија. На последната седница на советот на општина Битола од страна на советниците едногласно беа прифатени донациите на јавните претријатија “Водовод“ и “Нискоградба“  за тампонирање на населбата “Недопирливи“  со цел времено решавање на проблемот на жителите во оваа населба. Се надевам дека Министерството за транспорт и врски сериозно ќе ја сфати својата обврска и нема да врши понатамошни опструкции и час поскоро ќе се продолжи со следната фаза со цел улиците во населбата “Недопирливи“ час поскоро да го добијат новиот современ лик.