Press "Enter" to skip to content

СВР Битола: пронајдени оружје и муниција, пронајдено украдено возило, уапсено лице по потерница…

Денеска полициски службеници од СВР Битола, во координација со Одделот за криминалистичка полиција – Одделение за недозволена трговија со дрога, оружје и опасни материи, со судски наредби, извршија претреси на повеќе локации во Ресен и Битола, поради сомнение за сторени кривични дела по член 396 од Кривичниот законик. При претрес во домот на 41 годишник во село Штрбово, ресенско, биле пронајдени три пушки, три пиштоли различен калибар и поголемо количество на муниција, исто така, различен калибар. Тој бил лишен од слобода и задржан во полициска станица. Во импровизирана работилница во Битола, сопственост на 76 годишник од Битола, биле пронајдени шест пушки (две ловечки, три воздушни и една импровизирана) и поголема количина на различни делови за оружје и е повикано на службен разговор во полициска станица. По целосно расчистување и документирање на настаните против лицата ќе бидат поднесени соодветни пријави.

Денеска во 20.00 часот во Битола, полициски службеници од криминалистичката полиција на СВР Битола лишиле од слобода 37 годишник од Битола. Тој се сомничи дека денеска околу 19.11 часот во Битола на ул. “Булевар Први Мај“ користејќи го тоа што клучевите биле оставени на бравата, одзел патничко возило “сеат“ со битолски регистарски таблички.  Од страна на полициските службеници од криминалистичката полиција на СВР Битола возилото било пронајдено и вратено на сопственикот, а лицето било задржано во полициска станица. По целосно документирање на случајот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

Денеска на ул. “Караорман” во Битола, полициски службеници од криминалистичката полиција на СВР Битола привеле 40 годишник од Битола. Тој бил баран по централна потерница врз основа на наредба од Основен суд Охрид за издржување на затворска казна. Лицето било спроведено во Казнено-поправната установа Затвор Битола за издржување на казната.

На 14.11.2023 во 20.30 часот во СВР Битола било пријавено дека во казино на ул.„Лазо Трповски“ во Битола, 27 годишно лице од Битола агресивно се однесувал и го нарушил јавниот ред и мир. Се преземаат мерки за расчистување на настанот.

На 14.11.2023 во СВР Битола, М.Н. (45) од с.Дихово, битолско, пријавила дека во Градскиот парк нејзиниот малолетен син бил каснат од  куче скитник. 

More from ВестиMore posts in Вести »