Press "Enter" to skip to content

Фото изложба “Фото колонија Пелагонија“

На 16-ти ноември со почеток во 19 часот во фоајето на НУ Центар за култура – Битола ќе биде отворена изложбата „Фото колонија Пелагонија“. Изложбата претставува завршна активност од истоимениот проект кој го спроведуваше Центарот за европски развој и интеграции од Битола во периодот мај – ноември 2023 година.

Публиката ќе има можност да види 25 фотографии на објектите од културно значење за Пелагонискиот регион кои ги направија 18 фотографи учесници на проектот. Овие фотогафии во еден дел се резултат на искуството кое фотографите го стекнаа преку дводневната работилница која се реализираше во месец јуни а на која како ментори беа проф. Роберт Јанкулоски и Далибор Митковски.

Покрај креативната и едукативната компонента на проектот тој има и архивистичка функција зошто една од неговите цели е и создавање на фотогафска архива на објектите од културно значење за Пелагонискиот регион .

Главен финансиер на проекти е Министерството за култура, а проектот е поддржан од Општина Битола, НУ Центар за култура Битола и БВ бизнис груп.

More from ВестиMore posts in Вести »
More from КултураMore posts in Култура »