Press "Enter" to skip to content

Еурофарм Пелистер повторно лош во вториот дел, пораз во Сегед

ПИК Сегед – Еурофарм Пелистер 34:26 (18:19)

Ракометарите на Еурофарм Пелистер од Битола вечерва се поразени во Унгарија од  ПИК Сегед и остануваат без победа во Лигата на Шампионите, со резултат 34:26, откако во првиот дел имаа предност од 18:19. Македонскиот претставник одигра одличен прв дел, имаше предност дури и од пет гола, ама во второто полувреме се разбрани голманот Миклер кој беше клучот на победата на унгарскиот колектив. 

Еурофарм Пелистер започна со 0:2, а во продолжението ги казнуваше грешките и предноста беше +4 (4:8). Еурофарм Пелистер играше одлично и ја бранеше предноста, имаше и +5 (5:10). До крајот на првото полувреме Сегад намали само на гол разлика и со 18:19 се отиде на одмор.

Второто полувреме започна со 20:21, а потоа серија на ПИК Сегед од 4:0, за водство од +3 за домаќинот, благодарение на голманот Роланд Миклер. “Пелистерци“ бркаа минус, промашува и зицери, а тоа екипа како ПИК Сегед знаеше да го казни и да дојде до победа.

Денис Васиљев беше најдобар стрелец на пелистерци со 5 гола.

More from ВестиMore posts in Вести »