Мултисензорната изложба „Уметност и архитектура во 2Д и 3Д“ е свечено отворена во мала сала на НУ Завод и музеј Битола. Пред публиката беа претставени 20 тактилни предмети, изработени од месинг, инспирирани од експонати од битолскиот музеј и битолската архитектура.
На предметите се поставени НФЦ (NFC) тагови, кои со допир со паметните телефони се активираат и водат до аудио описи-нарации и видеа на знаковен јазик. Тактилните копии се поддржани и со текстови на Брајово писмо.
На изложбата присуствуваа голем посетители меѓу кои и членови на Здружението за слепи лица, ученици од Заводот “Кочо Рацин“, ОУ “Св. Климент Охридски“, гимназија “Јосип Броз Тито“, и од “Таки Даскалот“.
-Насекаде во музеите се сретнуваме со забрани за допирање – денес повелете и слободно допирајте, ова се копии! ги повика присутните Ирена Ружин, раководител на проектот.
Таа се заблагодари на тимот кој многу години наназад е пример не само кај нас туку и во музеите на Балканот, каде гостуваат со тактилни изложби и каде се имплементира овој концепт на работа со пристапноста и инклузијата во музеите.
Изложбата е поддржана од Министерство за култура.
Раководител на проектот е д-р Ирена Ружин, изработка на тактилни копии – Кирче Арсовски и Татјана Асовска, тактилни цртежи и НФЦ тагови м-р Јове Парговски, м-р Моника Нолева- тактилни цртежи, наратор Силвана Петрова Насух, интерпретатор на знаковен јазик Катерина Шаркоска. Текстови на Брајово писмо- Андријана Шокларовска
Постородукцијата е на Михаил Марковски од “Студио Гимел“, камера Александар Ристевски, консултант Весна Софрониевска, а текстовите за ексопнатите се на Ефросинија Паревска, Владо Ѓорески, Лилјана Христова, м-р Јове Парговски, а техничко опремување Кочови.

Мултисензорната изложба “Уметност и архитектура во 2Д и 3Д“ во Завод и Музеј во Битола (фотогалерија)
More from ВестиMore posts in Вести »
- Алушовски го одработи првиот тренинг со тимот на Еурофарм Пелистер
- Во Битола сончево со мала облачност, утре снег, температурата до 3 степени
- Водици во Охрид – духовна светлина и вера во водите на Охридското Езеро преку фотообјективот на Дамијана Ристевска (фотогалерија)
- Светиот крст во рацете 16 годишниот Христијан Бошевски од Битола во храмот “Св. Димитрија“
- Православните Христијани денес го прославуваат Богојавление-Водици





