Press "Enter" to skip to content

Пораз на Пелистер во првиот натпревар во вториот “балон“ на АБА2

Војводина – Пелистер 74:64

Една одлична четвртина не им беше доволна на битолчани да ја совладаат екипата од Нови Сад која слави со резултат (64:74). Екипата на Пелистер загуби од Војводина на прв натпревар одигран во “балонот“ на Златибор.

Пелистер имаше одлично отворање во раната фаза се стекнаа со двоцифрена предност на премиерниот меч за нив на турнирот на Златибор. Уште во раната фаза се стекнаа со висока предност и имаа предност 9:22.  Во втората четвртина, доста подобра игра на Војводина, која анулираше уште еден дел од високата предност која ја имаа битолчани во првата. На полувремето, Пелистер водеше “само“ со +3 (34:37).

На стартот на третиот дел, Војводина стигна и до израмнување, 39:39. Серијата ја продолжија на (14:6), за водство, сосема солидно, од 48:43. Војводина направи (22:9) во третата четвртина, за во последната да влезе со 60:48. На почетокот на последниот период, Војводина со мини-серија за 68:51. “Пелистерци“ вратија со шест поени во низа 68:57 на 4:45 минути до крајот за конечни 74:64.

Според распоредот утре со почеток во 18 часот следува дуелот на две македонски екипи, ТФТ Моцарт-Пелистер.

More from ВестиMore posts in Вести »