Денес беше направен увид и беше пуштено во употреба отвореното спортско игралиште за мал фудбал во село Бач. Општина Новаци овој проект го реализираше во заедничка соработка со Центарот за Развој на Пелагонискиот Плански Регион и Бирото за регионален развој.Отвореното спортско игралишете за мал фудбал e изградено по најсовремени модерни стандарди со вклучени безбедносни решенија, два реда трибини од двете подолжни страни, тротоар патеки и метална ограда по обемот на објектот, како и адекватна заштитна мрежа зад головите. Вредноста на овај проект изнесува над 6 милиони денари.
Општина Новаци и понатаму ќе се залага да создаде услови за подобрување на квалитетот на изведување на училишната настава на ЦОУ “Славко Лумбарковски“ во село Бач, како и квалитетот на живеење од аспект на унапредување на можностите за спорт и рекреација на локалното население од селото и пошироката околина.
Изграденото отворено спортско игралиште за мал фудбал во Бач е уште еден успешно реализиран проект во партнерство и соработка со Пелагонискиот плански регион.

Спортско игралиште за мал фудбал во Бач, соработка на Општина Новаци и Центарот за Развој на Пелагонискиот Плански Регион
More from ВестиMore posts in Вести »
- Спортските екипи од основните и средните училишта од Битола добија комплети дресови од Училишниот спорт (фото)
- Во Битола “Саем на кариера 2025“ на ФИКТ на УКЛО (фотогалерија)
- Во Битола се полагаше тест за вработување во Клиничка болница Битола и општите болници во Прилеп, Охрид и Кичево (фото)
- Промовиран документарниот филм “Слободата заборавена меѓу регистрите“ (фото)
- Општина Новаци по втор пат ќе субвенционира купување на клима уреди