Денес беше направен увид и беше пуштено во употреба отвореното спортско игралиште за мал фудбал во село Бач. Општина Новаци овој проект го реализираше во заедничка соработка со Центарот за Развој на Пелагонискиот Плански Регион и Бирото за регионален развој.
Отвореното спортско игралишете за мал фудбал e изградено по најсовремени модерни стандарди со вклучени безбедносни решенија, два реда трибини од двете подолжни страни, тротоар патеки и метална ограда по обемот на објектот, како и адекватна заштитна мрежа зад головите. Вредноста на овај проект изнесува над 6 милиони денари.
Општина Новаци и понатаму ќе се залага да создаде услови за подобрување на квалитетот на изведување на училишната настава на ЦОУ “Славко Лумбарковски“ во село Бач, како и квалитетот на живеење од аспект на унапредување на можностите за спорт и рекреација на локалното население од селото и пошироката околина.
Изграденото отворено спортско игралиште за мал фудбал во Бач е уште еден успешно реализиран проект во партнерство и соработка со Пелагонискиот плански регион.

Спортско игралиште за мал фудбал во Бач, соработка на Општина Новаци и Центарот за Развој на Пелагонискиот Плански Регион
More from ВестиMore posts in Вести »





