Press "Enter" to skip to content

Научен  собир на УКЛО Битола: “Мултидисциплинарен пристап кон целите за одржлив развој“ (фото)

Во рамките на одбележувањето на Светскиот ден на науката, Универзитетот “Св. Климент Охридски“ од Битола на 17.11.2023 година организира Меѓународен научен собир на тема:  “Мултидисциплинарен пристап кон целите за одржлив развој“.Научниот собир третира горливи животни теми поврзани со прашањата на науката за мир и развој со единствена цел – менување на светот на подобро.На Конференцијата, која се одвива на хибриден начин, има дваесеттина учесници, кои ги презентираат резултатите од своите истражувања. Нив, преку видео обраќање ги поздрави ректорот на УКЛО, проф. д-р Игор Неделковски.Ова е втора конференција на која УКЛО одлучи да ги разработува и на научен начин да ги операционализира токму целите на ОН за одржлив развој. ,,Исполнувањето на овие цели  претставува прашање од исклучително значење, за локалната заедница, за Универзитетот, но и за глобалната средина.“ –  рече проректотор за наука на УКЛО проф.д-р Горан Илиќ. Соред мислењата на научниот и академски кадар, Универзитетот „Св. Климент Охридски“ – Битола со одржувањето на Меѓународен научен собир  ја продолжува востановената академска „мобилизација“ за афирмација на концептот за поставување на науката и научната мисла во срцевината на сите процеси за глобален одржлив развој.На Конференцијата, присутвуваше и министерката за култура Бисера Костадиновска – Стојчевска, која во изјава за медиумите рече дека: -Ова е време кое нè насочува сите кои сме вклучени во науката, културата и образованието да се обединиме. Да размислуваме и да дејствуваме во духот на темата, „Мултидисциплинарен пристап кон Целите за одржлив развој. За да се справиме со предизвиците на денешницата, како што се сиромаштијата, климатските промени, војните и поделбите, мора да созадаваме решенија кои произлегуваат од културата и од науката. Годишната научна конференција на УКОЛО е собир од каде ќе се трасира патеката на единството, соработка и визијата за трансформација, остварувајќи ги целите на Обединетите нации до 2030 година. Во тие процеси на прогрес, културата има голема улога, зашто културата е обединувачки фактор кој ги поврзува сите катогории граѓани, не правејќи никакви поделби. Културата го афирмира слободниот творечки дух, креативноста и инспиративноста. Согласно нашата Стратегија институционалната култура во државата во споредба со минатото е поотворена, поконкурентна и станува активен и препознатлив учесник во регионалната, европската и светска култура. Културната разновидност, богатото културно наследство што го имаме, оригиналноста во творештвото создаваат услови за вклученост на државата во реализација на глобалните политики за одржлив развој и остварување на целите на Обединетите нации“.Најдобрите трудовите презентирани на  Конференцијата ќе бидат објавени во меѓународното научно списание на УКЛО ,,Хоризонти“.

More from ВестиMore posts in Вести »