Press "Enter" to skip to content

Хидросистемот “Стрежево“ Битола одбележува 45 години постоење

Најголемиот хидросистем во државата “Стрежево“ од Битола е формиран 1978 година и годинава одбележува 45 години постоење и работење  во интерес на граѓаните и индустријата на Битола.Со реализацијата на проектот “Стрежево“ се подигна квалитетот на севкупното живеење, перманентно присутниот недостаток на вода претставува минато, се обезбеди снабдување со вода за пиење на општините Битола, Могила и Новаци. Најголем дел од водите на хидросистемот “Стрежево“е резервиран за агрокомплексот (овозможуваме наводнување на 20.000 хектари земјоделско земјиште). “Стрежево“ дава огромен придонес во електро-енергетскиот систем, посредно преку обезбедување на сурова вода за технолошки потреби на РЕК “Битола“, така и непосредно, со сопствени објекти за електро-енергетско искористување на обновливите извори на енергија преку искористување на хидропотенцијалот-петте мали хидроелектрични централи и сончевата енергија со изградбата на фотонапонска централа со моќност од 500кw. Со формирање на акумулациониот простор се обезбеди целосна ретензија или трансформација на поплавните бранови, а со тоа се елиминира опасноста од поплавување низводно од браната “Стрежево“.Првиот човек на хидросистемот “Стрежево“, Менде Граматковски за овој голем јубилеј за нивното претријатие вели:-45 годишен јубилеј е чест, голема привилегија, но пред сè, тоа е голема одговорност. Се бориме со предизвиците и успеваме успешно да стопанисуваме, макотрпно и на долги патеки. “Стрежево“ останува единствено и препознатливо, вистински сведок на минати времиња и богатство на идните поколенија. Посветени сме на негување вистински вредности од социјален и еколошки аспект, а општествено одговорниот однос го втемелуваме во секојдневното работење.Граматковски за идните инвестиции на претпријатието додава:-Инвестираме во создавање на современ скијачки центар “Стрежево“ во Нижеполе, а рибарството и аквакултурата, како и заштитата на животната средина остануваат трајни вредности на кои “Стрежево“ секогаш посветува особено внимание. Воспоставуваме компјутерско централизирано управување со водите, го заокружуваме електро-енергетско искористување на расположливите обновливи извори, реализираме активности од доменот на мониторингот и заштита на водите во сливното и мелиоративно подрачје, ја прошируваме деталната цевководна мрежа…

More from ВестиMore posts in Вести »