Press "Enter" to skip to content

Алушовски со Охрид во Битола го победи Еурофарм Пелистер 2 (фотогалерија)

Еурофарм Пелистер – ГРК Охрид 19:29 (7:15)

Иако се знаеше дека екипата на Охрид е поквалитетна од “двојката“ на Еурофарм Пелистер 2,  сепак битолчани се надеваа на изненадување во Битола, но до тоа де дојде. Охрид предводен од Стевче Алушовски го победи тимот на Михајло Петровски со резултат 19:29, полувреме. А, на теренот и во публиката многу познати имиња, Ојлевски, Стојлевски, Бобан Ристевски, Божидар Мојсов…

Натпреварот во Битола започна изедначено, а резултатот беше 4:4, а потоа на теренот беше се во знак на гостите од Охрид.Победата ја најавија со серија од 0:5, за 4:9, а потоа младите “пелистерци“ на најдоа начин ниту да го позначајно да го намалат водството. На одмор се отиде со 7:15.На почетокот на второто полувреме Охрид за првпат поведе и двоцифрено 10:20. Охриѓани не дозволија да додје со престврт во натпреварот и заслужено ги носат бодовите од Битола.

Најдобри стрелци кај Еурофарм Пелистер се Белистојановски, Трпчевски и Митревски погодија по три пати.

More from ВестиMore posts in Вести »