Press "Enter" to skip to content

Деновиве пред 10 години: Театарот од Битола со претставата “Хенри Шести“ на сцената на на театарот во Санта Барбара, САД

-Првпат во историјата на театарот во Санта Барбара, САД беше одиграна претставата “Хенри Шести“, на легендарниот автор, Вилијам Шекспир во еден ден, на два меѓународни јазици. Продукцијата беше на американска и македонска театарска куќа, а под водство на еден режисер, Џон Блондел,  на сцената на “Театар Портер“, започна со своите сеќавања Димче Миновски, хроничар на Битола и доајен на битолското новинарство.

Во 14 часот настапија домаќините од театарската компанија “Литмун“, додека во централниот термин, во 19 часот, настапи Битолскиот народен театар. Влезниците беа распродадени, а тоа го информираа медиумите во Санта Барбара “Вестмонт“.

-Театарската претстава “Хенри Шести“ е кулминација на режисерот Џон Блондел, одисеја која се одвива две години и која од сцената во Санта Барбара, преку културната олимпијада во Лондон и настапот во Битола, се заокружува дома во Калифорнија, стоеше во неделниот текст на “Вестмонт“.

Во претставата “Хенри Шести“ на НУ Народен театар – Битола, во Санта Барбара настапија актерите Петар Горко, Соња Михајлова, Борис Чоревски, Иван Јерчиќ, Петар Симовски, Габриела Петрушевска, Огнен Дранговски, Мартин Мирчевски, Никола Пројчевски, Васко Мавровски, Валентина Грамосли, Филип Мирчевски, Кристина Христова Никола, Митко Ивановски перкусионист и Миодраг Неќак кој како композитор се појавува и на театарската сцена.

Преводот на претставата од англиски на македонски јазик го направи Драги Михајловски, сценографијата е на Валентин Светозарев, костимографијата на Благој Мицевски, а кореографијата на Рисима Рисимкин.

По исклучителниот настап во Калифорнија, актерите од Битолскиот народен театар ги споделија импресиите со битолските новинари и јавноста на приемот кај градоначалникот Владимир Талески кој веднаш по нивното пристигнување во Битола, меѓу првите им го честита големиот успех, како нивни колега.

More from ВестиMore posts in Вести »