Press "Enter" to skip to content

Некогаш и денес, три генерации семејство Трајковски придонес за развој на графичката индустрија во Битола (фотогалерија)

Жанета Ристевска

Семејство Трајковски, 3 генерации придонес во графичката индустрија во Битола и на еден начин влегуваат во историјата на печатарство и графичката индустија. Низ приказната на Миле и Александар Трајковски (помладиот) и сагата за семејството Трајковски  добиваме слика како се развивало печатарството и графичката индустрија во Битола. 

-Битола е позната по конзули, клавири, браќата Манаки, но и печатарството кое било развиено уште во 20 години на минатиот век. Личностите кои ја започнале се вистински визионери, особено во годините после војната во социјализмот, кажа Миле Трајковски  кој ја започна приказната заедно со неговиот син Александар покажувајќи фотографии од нивната архива кои внимателно ги чуваат во кадифени албуми со тврд „повез“  рачно изработени од неговите родители Алеко и Вангелица.

Вака започна…

-Приказната почнува со мојот татко Александар -Алеко Трајковски кој во Битола беше познат како Алеко Лечкур. Тој започнал да работи во печетница многу рано на свои 6 години поради сиромаштија, да донеси дома за леб во многучленото семејство…Александар Алеко Трајковски Лечкуро е роден 1919 во Егејски дел на Македонија Суровичево денес (Аминдио). Таму живеело цело семејство до некаде 1924/25 , кога мојата баба Тема која била домаќинка се вратила во Битола сама со сите деца, 7 синови и една ќерка. Знам само дека таму останал мојот дедо Петре кој бил ковач по занает, а умре 1966. Кога се вратија во Битола, живееја во т.н „Арнаутмале“, (денес реонот на улица Партизанска наспроти  војската), во невидена сиромаштија и немаа дури ни за леб и егзистенција. Заради тоа мојот татко Алеко започнал да работи на свои 6 години во  печатница. Тоа беше една од првите печатарски работилници во Битола која се наоѓаше наспроти сатот во денешниот дуќан за очна оптика. Може да се каже дека скоро цело време, односно детство го поминуваше таму во печатарската работилница работејќи да обезбеди едно парче леб. Во младоста играше аматерски фудбал се до 1942 година, но сите фудбалери од тогаш соработуваа со партизаните и им беа еден вид јатаци. По сеќавање тимот се викаше Македонија и еден натпревар во Софија, го изиграле 1:1. Сите фудбалери  биле од Битола. Иле береброт, Вангел Долгиот, Балјари… се сеќавам на овие имиња кои ми ги споменуваше мојот татко  низ неговите кажувања за времето играл фудбал, се до 1942 година кога замина во партизани. Во Кичевско – гостиварскиот дел се борел  против фашистичката окупаторска сила германци, италијани, бугари и нивните предавници балисти. Кога заврши војната, мал временски период тој работи во Народни имоти во Скопје. Љубовта кон Битола го враќа назад во родниот град и започнува со работа. Одреден период беше и директор на првиот циркус во Битола.Да, во Битола имаше циркус кој беше поставен кај Соколаната кај ДТВ Партизан. Потоа се враќа на својата љубов од раните детски денови печатарството и се  вработува  во печатницата „Киро Дандаро“ која во тој период после војната беше на место каде сега се  канцелариите на Стопанска банка Битола и ресторанот до него. Тука беа неколку простории на спрат, назад имаше фонтана, а се сеќавам и имам фотографија каде си играм со мој братучед  Благој Трајковски  „Баџата“ имаме можеби  6 години. Тука имаше словослагачница  машини за печатење и за доработка. Работеше се до 1957 година. Потоа еден период мојот татко, отвори приватна печатница во која ја работеше картонажа. Еве овие албуми се направени во тој период. Во 1959 година заедно со Трајко, Дончо – слепиот и  Јорго Ристевски се иницијатори и први оснивачи на графичката фирма “Социјален борец“. Во тој период голем дел од вработените дојдоа да работат од “Киро Дандаро“ тука и така се создаде фирмата  „Социјален Борец“, а просториите беа кај улицата на „Ѕвончарите“. После благодарение на сите вработени и со помош на државата просториите на “Социјален борец“ се префрлени “Дрвен пазар“ во зграда каде мојот татко Алеко е технички директор, а Нико Нака финасиски директор. Се до 1969/70 година. Во тој период луѓето кои работеа тука, можеби не беа многу образовани, но беа визионери со претприменички дух . Стапија во контакт со фабриката од Италија под името  „Фустеларко“. Од таму т.н.доработка доаѓаше во „Социјален борец“ . Така се направи фузија и од двете фабрики се оснива „Фустеларко Борец“ со простории (во индустрискиот дел денес), во 1971 година. Тоа беше и заштитна работилница во која во еден дел беа вработени лица со хендикеп. Така се создае и името – половина од фирмата италијанска “Фустеларко“ и “Борец“ од “Социајлен борец“. 51% на Социјален борец 49% на италијанската фирма.Во 1971 година екипа од неколку работници од тука меѓу кои бев и јас, не пратија во местото Киере, близу Торино во Италија на специјализација во фабриката “Фустеларко“. Во екипата покрај мене беа уште Благој Баџата,Веле, Пеце, Бранко, Кире Ѓаоло… Специјализиравме  во областа на нови техники на печат и доработка. Имавме Договор за специјализација на  6 месеци, но бидејќи одлично соработувавме со партнерот од Италија на задоволство на сите ни беше продолжена специјализацијата за уште 4 месеци. Кога се вративме назад од Италија тука,  се работеше само  во фазата на графичката доработка, но за да се комплетира целото производство се враќаме со офсетни машини за печат и со целосна опрема за фазата на подготовка. Во простории каде немаше ни прозорци, но работевме  по 10-12 сати за да се дојде до квалитетен графички производ. Во  фазата на офсет печатењето одреден број на стручен кадар беа со високо образование а дел со средно образование.Во тој период „Фустеларко Борец“ работеше и имаше соработка не само за Македонија туку и Словенија, Хрватска, Србија и надвор  Бугарија, Германија, најповеќе СССР. Секаде бевме познати по нашите квалитетно амбалажи за лекарства, бонбоњери, албуми, календари.. Тој напредок и развој на  печатницата “Фустеларко Борец“ со мешан македонско – италјански  капитал  во  социјализмот им пречеше на графичките  компаниите од  републиките Хрватска и Словенија, бидејќи не сакаа конкуренција на тоа поле. Кај мојот татко 1970 година се јавија првите знаци на неговата болест, имаше околу 50 години, но заради болеста често одеше на боледување. Во 1975 имаше тешка операција на гласни жици во Белград. Потоа и не можеше  повеќе да работи и замина во пензија. По препорака на лекари купивме место и изградивме мала семејна куќа во село Магарево каде здравјето му се подобри и продолжи животот до 1989 година кога почина на 7 ми  јануари.Во тој период трите фирми “Киро Дандаро“, “Социјален Борец“ и “Фустеларко Борец“ работеа под заедничко име Битолски графички завод. Сите под една капа и еден генерален директор, а дирекцијата или тогаш  ОЗТ на секоја фирма беше посебно.

Мојот татко…

-Беше народен човек, се откажа од значката првоборец и привилегиите кои ги носи, одби работа во Народни делби на народни имоти во Скопје. Ги собра сите лица со инвалидитет, за да си заработуваат. Неговата мисија беше исполнета во чест на луѓето кои се инвалиди, ги сакаше, почитуваше, се дружеше со нив.  Направи и музичка група „Караѓуле“во која члениваа слепи лица кои беа многу добри музичари, и тука имаше многу добри пејачи. Со истата патуваа насекаде, а беа збратимени со Лексовац, Србија. Добиваа голем број на  награди и признанија. Вклучен и во спортот на град Битола и претседател на  еден од  фудбалските клубови. Мојот татко беше општествено активен и многу пати наградуван за неговта хуманост мисија и визија,  но најдраги му беа наградите од Сојузот на слепи лица.Миле Трајковски продолжи за себе со зборовите: „многу е тешко кога човек треба да зборува за себе…“

– Од кога знам за себе работев во графиката. Кога бев мал, еден период ние дома  правевме кутии за да заработиме некој динар. Се сеќавам одев  во печатницата на “Социјален борец“ некаде на 12 – 13 години каде паднав од таванот, но за среќа до самата машина, имав среќа. Голем дел од нашето поширко семејство Трајковски беа во ова област мајка ми, стриковците Ѓорѓи, Тота (кој ги опслужуваше) братучедите Благој Баџата, Драги и Славе Чавката… Јас уште од многу млад започнав да работам во „Социјален борец“. Прво во словослагачница, рачно и потоа на линотипка. Во 1969 година луѓето кои ја водеа фирмата имаа визија иако не беа многу школувани.Набавија една Офсет еднобојна  машина  од советско производство (СССР). Работењето како рачен словослагач и работењето на офсет машина за печат се разликува во процесот  на работењеи таа разлика ме привлече да поминам да работам како офсет печатар.

Воведовме лакирање најмодерно и подоцна воден и УВ лак.

Како што кажав и претходно од сорботката со графичката  компанијата од   Италија во 1971 заминуваме во Италија на специјализација неколку од нас. Кога се вративме од како ги монтиравме јас работев на најголемата четирибојна Офсет машина со  формат “Б-0“. Моето средно образование го  завршив во “Димитар Влахов“ Скопје графичка струка, мојот академски пат продолжува во Загреб на графичкиот факултет и се стекнав со диплома за графички инжењер. Со текот на технолошкиот развој во графичката област во 1990 година повторна заминав на дообука  во Италија. Во тие години  во “Фустеларко Борец“ веќе  започнавме да го имплементираме во  процесот на офсет печатењето  водениот и УВ лак.  Со ова на пазарот  се истакнавме со висок квалитет  во процесот на производство на амбалажа, за компаните од кондиторството, прехрамбената и тутунската индустрија на просторите на Балканот и  Европа, станувајќи  графички бренд во изработока на најпрефинета амбалажа. Мојот кариерен пат започна како офсет машинист преку шеф на секторот за офсет печат , а потоа како раководител на секторот за офсет печат и раководител на  производство. Како член на управен одбор иницијатор бев да се отвори паралелка за графичка струка  во СОУ „Таки Даскало“. За наша среќа се отворија паралелките  и предававаме како професори  2 години графички стурчни  предмети јас и уште двајца мои колеги, но и исто времено  работевме во печатниците. Фондот на часови изнесуваше  24 часа во месецот. Сакавме да придонесиме во развојот  на оваа графичка струка која во иднина ќе создава ресурси потребни на печатници за надополнување на стручниот кадар . Моментални има само во Битола  и Прилеп средно училиште со графички смер. Исто така учествував активно и за отворање на  на графички смер на Техничкиот факултет во Битола. Голем дел од мојата литература донесена од Италија и Загреб ги отстапив  на Техничкиот факултет , од кои подоцна  се направија и скрипти. Исто така голем дел од студентите кои доаѓаа на пракса ги водев јас. Со тоа сум придонел и за изучување на графичарството која ја сметам за наша традиција во фамилијата.Можевме да отвориме  и приватна печатница, но не бев заинтересиран бидејќи “Фустеларко Борец“ беше поим за печатница. Бев  горд дека сум  дел од истата, особено кога ќе одевме на саеми насекаде низ Балканот, но и пошироко. Тоа беше така се додека со купување на акции, наместо фирмата да премине во рацете на вработените, се продаде. Во ова време лично ја напуштив печатницата бидејќи за да работиш добро потребни се добри меѓучовечки односи. Потоа мојот кариерен пат ме носи во печатница „Бато Дивајн“ во Скопје. Тоа беше печатница која беше во рангот  на “Фустеларко“ и печатница со голем капитал. Поради моите стручни компетенции, искуство и образование, имав голема доверба  од страна на сопствениците да менаџирам со целата печатница. Од здравстевени причини ја напуштам компанијата во Скопје и  се вратив Битола. Потоа неколку години работев во РЕК “Битола“, од каде заминав и добив инвалидска пензија заради нарушено здравје.Александар Трајковски Џуниор

-Сакав да се напише за традицијата  на семејството Трајковски кои се континуирано во графичката инедустрија,  скоро 100 години. Поточно  од период од 1924/25-2023 година. Ние сите сме придонеле на различни начини за нејзинот развој во Битола. Дедо ми Алеко беше визионер и еден од оние кои ги создаде фирмите кои работат во графичка индустрија. Татко ми продолжи по неговите стапки.  Мојата пријказна се надоврзува од година кога го почнувам моето средношколско образование во „Таки Даскало“-Битола, каде бев прва генерација на графички смер, а додека моите први чекори во практичното изучување  во печатницата ги правам на 16 години во печатницата “Микена“ во сопственост на чичко Кире. Потоа моето образование го  продолжувам на графичкиот смер  на  Техничкиот факултет Битола. Потоа, специјализирав, магистрирав и докторирав на тема од областа  на менџмент на  графичката индустрија.-Прво вработување ми беше во СОУ „Димитар Влахов“како професор по графички стручни предмети во Скопје. Се враќам од Скопје и работев на проект во НУ Театар во Битола. Потоа одреден период сум во “Св. Климент Охридски“ во Скопја за деца со посебни потреби –графичка струка. Повторно на некој начин се повторува традицијата, работа со лица со посебни потреби. Потоа мојот кариерен пат продолжува  во СОУ  „Таки Даскало“ каде моментално сум професор по графички стручни предмети  во графички смер. Во СОУ “Таки Даскало“ -Битола каде  има и дисперзирана паралека за ученици со посебни потреби од графичкат струка од училиштето “Св. Климент Охридски“. Исто така работам и на Европскиот Универзитет во Скопје каде како доцент предавам предмети од областа на менаџмент. Автор сум на многу научни трудови, одржани одредени предавања надвор од земјата и има издадено една меѓународна  книга „Структура на графичките организации“, издадена од Научен институт за менаџмент и знаење и автор на учебник за графичката струка „Сито и висок печат“ издаден од МОН.Член сум на Макдеонското научно друштво

Традицијата можеби ќе продолжи со мојот син Антонио Трајковски кој основното образование го заврши во ОУ “Климент Охридски“ Битола со одличен успех. Својот образовен пат го продолжи во СОУ “Таки Даскало“ билингвалната паралелка. Тој се интересира за областите од  технологија и фотографија. Учествуваше на многу настани кој му го збогатија неговото знаење за стартапи, бизнис, маркетинг, вештини за пишување, кумуникациски вештини и сликарство и слично. Покрај училиштето работи и во слободно време тој има хоби како што се фотографии, рибарење, планинарење, играње кошарка,  вежбање и друго. Антонио многу се интересира за области од  технологија, информатика Неговиот потенцијал е голем и има повеке патишта од кој може да избери на каде ке ја води неговата кариера, тој  има повеке желба да има сопствен бизнис од областа графичката индустрија, а можеби и од областа на компјутерската технологија, но не се знае времето ќе покажи. Покрај семејната традиција за работа во печатарството нас, мене мојот татко Миле и дедо Алеко не поврзува уште една традиција играњето на фудбал. Сите нас не врзуваат заедничка црти и по тој повод решив да се објави приказната на едно семејство кое многу допринесе и сеуште допринесува и во иднина ќе придонесува во областа на графичката индустрија  и ќе биде објавена на вашиот портал. 

Идејата да се напише приказната ја поттикна Александар и чест ми беше како дел од фамилијата Трајковски, по мојата баба Васа Трајковска, подоцна Ѓорѓиевска мене да ми припадна честа да  ја напишам оваа сага за семејството. Низ нивната приказна се раскажува и историјата за  основањето и развојот на графичката индустрија во Битола. Сите имаат заедничка црта која се провлекува како трансгенерациски елемент. Сите започнале многу рано да работат во овој сектор. Хуманата мисија,  а тоа е приклучување на лица со хендикеп, слепи, инвалиди, срцеви болни…  да се социјализираат, работаат, заработуваат и станат независни. Таа мисија  ја започнал Алеко Лечкуро Трајковски. Традицијата да се едуцираат млади личности графика  ја продолжиле Миле и Александар Трајковски. Сите на свој начин дале голем придонес  за развој на печатарството и графичката индустрија во Битола.

More from ВестиMore posts in Вести »