Press "Enter" to skip to content

Еурофарм Пелистер и официјално го претстави Филип Кузмановски

Еурофарм Пелистер денес во Битола и официјално го претстави засилување во бековската линија, репрезентативниот бек Филип Кузмановски, кој во Битола доаѓа директно од Бундеслигата, од тимот на Вецлав.

Еурофарм Пелистер веќе го го пријави Филип Кузмановски за натпреварите во Лигата на шампионите и негово деби се очекува в среда против екипата на ПИК Сегед, а денес на официјалното преставување рече:-Благодарност до претседателот и клубот што направија се да ме доведат. Мотивиран сум и едвај чекам да заиграм во дресот на мојот клуб. Два дена работам со екипата, ги познавам моите соиграчи, со некои бев соиграч и во Бундеслигата. Знаеме какви навивачи се “Чкембарите3 и какви вљубеници се битолчани, најдобри во светот, и убеден сум дека заедно ќе се радуваме.

Тренерот Бранислав Ангеловски, изјави дека е презадоволен од ангажманот на Филип Кузмановски и рече:-Доаѓањето на Кузмановски е супер потег на управата и мислам дека овој трансфер е многу важен, не само за нашиот клуб, туку и за цела Битола, која е воедно и негов роден град. Филип се враќа во матичниот клуб и со него сигурен сум дека полесно ќе стигнеме до целите, кои и сезонава не се воопшто мали.  Имаме цел да создадеме една силна ултра-македонска екипа која би била помогната од квалитетни странски засилувања. Оваа година имаме дури 12 интернационалци, но ни требаат наши македонски играчи. Будно ја следиме формата на сите наши репрезентативци, па се надевам дека во иднина ќе бидеме уште поконкурентни во силните европски лиги.

More from ВестиMore posts in Вести »