Press "Enter" to skip to content

СВР Битола: расчистени три тешки кражби, крадците ги признале делата

Полициски службеници од криминалистичката полиција на СВР Битола, во Битола лиши од слобода три лица на возраст од 45, 22 и 18 години сите од Битола, поради основано сомнение дека извршиле тешки кражби на подрачјето. 

Имено, 45 годишникот се сомничи дека извршил две тешки кражби во викенд куќи на подрачјето на с.Цапари, битолско, од каде одзел разновиден алат и муниција, додека дугите две лица се сомничат дека во село Долно Српци, битолско, извршиле тешка кражба, одземајќи предмети во сопственост на правен субјект. 

Приведените во целост ги признале кривичните дела, а пронајдени се и одземените предмети и ќе бидат вратени на сопствениците.

По целосно документирање на случајот против трите лица ќе биде поднесена соодветна пријава.

More from ВестиMore posts in Вести »