Во рамки на одбележувањето на 17 Ноември, Меѓународниот ден на студентите, на Универзитетот “Св. Климент Охридски“ во Битола се одржаа традиционални Универзитетски спортски турнири во пинг-понг, шах и пикадо.
Покрај 50 –ната студенти, професори и вработени од единиците на УКЛО, во натпреварите се вклучија неколку спортски клубови: пингпонгарскиот Пeлистер и шаховскиот, Шах – Шех и за прв пат со поддршка од Општина Битола.
Универзитетските спортски турнири завршија со доделување медали и дипломи за најдобрите и благодарници за сите учесници, што ги додели проректорката за студентски работи, проф. д-р Јасмина Буневска – Талевска.
По повод на настанот и масовниот одзив на турнирите, таа ја потврди определбата и подготвеноста на Универзитетот „Св. Климент Охридски“ – Битола да делува во насока на континуирано унапредување на студентските права и студентскиот стандард кои вклучуваат и манифестации од спортско – рекреативен и воопшто социјално – инклузивен карактер.
Универзитетските спортски турнири во пинг-понг, шах и пикадо се одржаа во Студентскиот информативен центар на УКЛО.

Меѓународен ден на студентите на УКЛО Битола одбележан со спортски турнири (фотогалерија)
More from ВестиMore posts in Вести »
- Денес во 15:46 часот календарски започнува пролетта
- Општина Битола: јавен повик за волонтерски акции
- СВР Битола: 71 годишник физички нападнат, битолчанец физички нападнат од повеќе лица
- Верниците од муслиманска вероисповед од Битола со утринска-бајрамска молитва за Рамазан Бајрам
- Во Битола променливо облачно со сончеви периоди, температурата до 12 степени
More from СпортMore posts in Спорт »
- Младинците на Еурофарм Пелистер подготвени за младинската Лига на шампиони, прв испит данскиот Алборг
- Пријателски натпревар на младинците на Еурофарм Пелистер и врсниците од Охајо во Битола (фотогалерија)
- Пелистер со нова победа, во Битола никој не победува во 2026 (фотогалерија)
- Пелистер одигра реми против Силекс во Кратово
- Кошаркарите со порака: победа над Гостивар како императив










